• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Доби изненадување од сопругата Зорана, дуваше свеќи, цела публика му пееше „Среќен роденден“: Саша Ковачевиќ славеше во Битола

27 јули 2026, 08:32
  • cподели

Саша Ковачевиќ синоќа го прослави својот 41. роденден на концертот во Хераклеја, Битола.

Српскиот пејач доби емотивно роденденско изненадување од сопругата Зорана и нејзината ќерка Искра, која тој ја сака како свое дете.

Неговите најмили се појавија на големиот екран и со насмевка му упатија честитка:

„Среќен роденден. Ти посакуваме да си жив, среќен и здрав 100 години. Жал ни е што вечерва не сме со тебе, но те чекаме. Те сакаме најмногу и едвај чекаме да дојдеш.“

Видно трогнат, Ковачевиќ рече дека не постои поубава честитка и ѝ се заблагодари на публиката во Градот на конзулите за прекрасната атмосфера.

Претходно, присутните го изненадија и со роденденска торта, а додека ја замислуваше својата желба посака само бебето да му е здраво и живо.

„Не знам дали знаете, но за два-три месеци ќе станам татко. Ќе посакам само моето мало бебе да биде здраво, живо и среќно“ – рече пејачот.

Саша и Зорана пред еден месец ја крунисаа својата десетгодишна љубов со брак, а наскоро ќе го добијат и нивното прво заедничко дете. 

Искра е ќерка на Зорана од претходна врска, а Ковачевиќ во повеќе наврати истакнал дека ја сака и ја доживува како свое дете.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Sasa Kovacevic (@sashakovacevic)

Tags
Саша Ковачевиќ

Најнови

  • „Мајка ми со своето тело го покри креветчето на брат ми“: Исповед на Џина Папас Џокси за кобниот земјотрес во Скопје во 1963 година

    Mon, 07/27/2026 - 09:36
  • Доби изненадување од сопругата Зорана, дуваше свеќи, цела публика му пееше „Среќен роденден“: Саша Ковачевиќ славеше во Битола

    Mon, 07/27/2026 - 08:32
  • Почина легендарниот Гоце Тодоровски, неговата ќерка емотивна: „Срцето не издржа, престана да работи“

    Mon, 07/27/2026 - 07:59
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.