• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

dm и козметологот Лепосава Анѓеловски откриваат рутини за нега на комбинирана, масна и сува кожа со Balea и alverde производи

9 април 2026, 14:05
  • cподели
dm рутини за нега на лице

Негата на кожата не мора да биде комплицирана за да биде ефикасна. Со внимателно избрани производи и рутина прилагодена на потребите на кожата, секој ден може да започне со чувство на свежина, нега и баланс. Токму затоа, Лепосава Анѓеловски, магистер по фармација и специјалист по козметологија и естетика која стои зад инстаграм профилот magnolia.glamour, споделува едноставни и достапни совети за нега на комбинирана, масна и сува кожа со производи од dm марките Balea и alverde.

Дополнително, во dm продавниците, со секоја сметка над 999 денари за производи за нега на кожа, добивате подарок ebelin гуа ша камен. Погоден е за секој тип кожа и може да биде особено корисен доколку се соочувате со надуени подочници, надуеност во лицето, помалку изразени контури, „double chin“, како и со намален тонус и еластичност на кожата. Понудата трае до 15 април или до истекот на залихите.

Комбинирана кожа: баланс таму каде што е најпотребен 

Комбинираната кожа бара рутина што истовремено хидрира и балансира, без да ја оптовари кожата. Затоа, Лепосава препорачува три едноставни чекори: нежно чистење, хидратација со тонер и завршна нега со крема што придонесува за свеж и негуван изглед. Рутината почнува со Balea благата пена за чистење на лице со алое вера која темелно ја чисти кожата, го отстранува вишокот себум и нечистотиите и помага да се зачува нејзината природна влажност. Потоа следува alverde хидратантен тонер кој ја поддржува хидратацијата на посувите делови, додека Т-зоната ја остава свежа и урамнотежена. За крај, тука е Balea хидратантна ноќна крема за лице која ја поддржува природната рамнотежа на влажност и придонесува за посвеж и негуван изглед наутро. 

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by MAGNOLIA Official 🌸 ™ (@magnolia.glamour)

Масна кожа: чистење, баланс и лесна хидратација

И масната кожа има потреба од хидратација и внимателно одбрана рутина. Според Лепосава, најважно е кожата темелно да се исчисти, да се поддржи нејзиниот баланс со соодветен серум и да се заврши со лесна крема што дава свежина без тежок финиш. Првиот чекор е Balea Hautrein пена за чистење на кожата, која овозможува темелно чистење и благ пилинг, помагајќи да се отстранат мртвите клетки од површината на кожата и да се исчистат порите. Потоа се нанесува Balea BEAUTY EXPERT PLUMP & GLOW серумот за лице, кој обезбедува интензивна хидратација и свеж изглед, а неговата формула помага влагата да се задржи во кожата. Рутината завршува со Balea AQUA гел крема за лице која со својата лесна гел текстура обезбедува интензивна влажност, а истовремено остава чувство на леснотија и свежина. 
 

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by MAGNOLIA Official 🌸 ™ (@magnolia.glamour)

Сува кожа: удобност, смирување и долготрајна нега

Кај сувата кожа, фокусот треба да биде на задржување на влагата и чувство на удобност. Затоа, рутината што ја препорачува Лепосава вклучува нежно чистење, серум за интензивна хидратација и крема што помага кожата да биде помека, смирена и заштитена. Лепосава прво го препорачува alverde hydro гелот за лице. Овој гел нежно и темелно ја чисти кожата, а притоа помага да се зачува нејзината природна влажност. Потоа следува Balea Med Ultra Sensitive Intense серумот за интензивна хидратација, поддршка на кожната бариера и чувство на удобност. За крај, тука е Balea Med Ultra Sensitive кремата која обезбедува долготрајна хидратација, ја прави кожата помека и помага таа да биде попријатна и позаштитена во текот на денот.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by MAGNOLIA Official 🌸 ™ (@magnolia.glamour)

Без разлика дали вашата кожа е комбинирана, масна или сува, најважно е да ја слушате нејзината потреба и да изберете рутина што ви одговара вам. А со производите од Balea и alverde, секојдневната нега може да биде едноставна, практична и ефикасна. Во dm, освен што можете да ги пронајдете вашите омилени производи за нега, со секоја сметка над 999 денари за производи за нега на кожа добивате и ebelin гуа ша камен – мало дополнување за уште повеќе уживање во вашата рутина.

Tags
dm

Најнови

  • dm рутини за нега на лице

    dm и козметологот Лепосава Анѓеловски откриваат рутини за нега на комбинирана, масна и сува кожа со Balea и alverde производи

    Thu, 04/09/2026 - 14:05
  • 14-годишната ќерка на Мики и Светлана Црнокрак со две други Македонки меѓу најубавите тинејџерки на Мис на Галаксијата

    Thu, 04/09/2026 - 14:02
  • ЕДС

    ЕДС со нова понуда на пазарот: 24 месеци фиксна цена на струја + подарок инвертер клима

    Thu, 04/09/2026 - 13:52
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.