• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Џорџина Родригез проговори за смртта на новороденото синче: „Најсреќниот момент стана најтажниот“

21 декември 2022, 10:35
  • cподели

Џорџина Родригез оваа година ја заокружува со фотосесија за шпанското издание на списанието „Elle“.

28-годишната девојка на Кристијано Роналдо позираше во атрактивни креации, а отворено зборуваше за трагичната загуба на новороденото синче и за тешката година низ којашто помина.

„Оваа година беше најтешката во мојот живот. Најсреќниот момент стана најтажниот и ќе остане со нас до крајот на животот“ – изјави таа, присетувајќи се на породувањето со близнаците од кои преживеа само женското бебе.

Џорџина Родригез Џорџина Родригез

Џорџина вели дека многу од нештата кои се пишуваат за неа на интернет се лажни. „Ако го пребарате моето име на Google денес, ќе ви излезе дека јас сум скарана со семејството на Кристијано, дека имам сестра која ми бара пари. Мојот живот е многу поедноставен од тоа. Не сакам конфликти, никогаш не се впуштам во расправии, а најлошото нешто е што сите тие информации се лага. Јас само сакам да бидам со моето мало девојче во болница“ – вели таа.

Џорџина признала дека ноќта пред фотосесијата ја поминала во болница. Нејзината најмала ќерка, 7-месечната Бела Есмералда била хоспирализирана поради бронхитис.

Џорџина Родригез Џорџина Родригез

Џорџина открила дека љубовта со Роналдо се родила на прв поглед.

„Кристијано и јас се заљубивме на прв поглед. Кога го видов за првпат почувствував дека времето застана. Никогаш не сум видел толку згоден човек, толку внимателен... Тој е најзгодниот маж што моите очи го виделе. И да, јас сум девојка на најдобриот фудбалер на светот. Многу жени тоа го користат на навредлив начин. Јасно е дека мојата врска со него ми овозможи да си исполнам многу од моите соништа, но секогаш, и пред и по средбата со него, ја вложувам истата страст во сè што сум направила, без разлика дали сум чистачка, продавачка или модел“ – изјавила таа.

Џорџина Родригез Џорџина Родригез

Џорџина открила дека вежба и се грижи за здравјето бидејќи сака да живее долг живот покрај своите деца.

„Се грижам за себе бидејќи сакам да живеам многу години, бидејќи сакам да ги гледам моите деца како растат, сакам да продолжам да уживам во животот. Не ми е гајле дали имам неколку килограми плус. Иако звучи како клише, убавината е внатрешна“ – додала Родригез.

„Децата се најважното нешто за мене и секој мој чекор е обележан од нив. Јас сум сеприсутна мајка. Понекогаш ме нарекуваат тешка, но не сакам да пропуштам ништо“ – истакна таа.

Џорџина Родригез
View this post on Instagram

A post shared by ELLE España (@elle_spain)

View this post on Instagram

A post shared by ELLE España (@elle_spain)

Tags
Џорџина Родригез

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.