• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

Џиџи Хадид урбана дама за Harper’s Bazaar, зборуваше за критиките кои ги добива за слабата фигура

12 април 2018, 09:13
  • cподели

Џиџи Хадид е ѕвездата која го краси новото издание на Harper’s Bazaar. 22-годишната манекенка уживаше во друштво на слатки кучиња за снимањето на едиторијалот.

На фотографиите кои ги потпишува Маријано Виванко, популарниот модел носи креации од модни брендови како Версаче, Шанел, Валентино, Фенди и Ралф Лорен.

Џиџи Хадид

Блејк Лајвли го водеше интервјуто со Џиџи за модното списание. Во него, Хадид зборуваше за критиките кои континуирано ги добива за својот изглед. Во првите години од нејзината кариера, таа беше нарекувана „дебела“, а во изминатиов период, постојано е критикувана дека е преслаба.

„Ако требаше јас да избирам, ќе си го вратев задникот назад и ќе ги имав градите коишто ги имав пред неколку години. Но, искрено, не можеме да гледаме назад со каење и жалење. Си го сакав телото тогаш и си го сакам сега“ – изјави таа.

Џиџи Хадид Џиџи Хадид Џиџи Хадид

„Од мое искуство, телото се развива и се менува и во него секогаш постои убавина, без разлика на сè“ – додала Џиџи.

Хадид коментираше дека критиките на социјалните мрежи се бесмислици, но сепак имаат моќ да ја повредат личноста кон која се насочени. „Најголемиот дел се бесмислици, но сепак можат да болат. Денес, луѓето без размислување кажуваат: 'Го сакав телото на Џиџи, но сега таа се предаде'. Но, јас не сум слаба бидејќи се предадов на индустријата. Кога имав поатлетска фигура, јас се гордеев со моето тело бидејќи бев неверојатна одбојкарка и јавачка на коњи. Но, откако дознав дека имам Хашимотов тироидитис (автоимуна болест), морав да се хранам здраво и да вежбам. Беше чудно што морав да се соочувам со тоа како тинејџер, кога сите мои пријатели можеа да јадат во McDonald’s и тоа воопшто да не им влијае“ – дополни Хадид.

Џиџи Хадид Џиџи Хадид Џиџи Хадид Џиџи Хадид Џиџи Хадид
Tags
Џиџи Хадид

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.