Џесика Алба шармантна убавица на ревијата на Диор откако го прослави роденденот со сопругот во Маракеш
Џесика Алба од првиот ред ја проследи најновата ревија на Диор во Маракеш.
На модното шоу, на кое беше презентирана колекцијата висока мода пролет/лето 2020, холивудската ѕвезда се појави во креација токму од оваа француска модна куќа.
Еден ден претходно, Алба го прослави својот 38. роденден со сопругот во Мароко и сподели фотографии и видеа на Instagram.