• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Џенифер Лопез во солзи на матурата на синот Макс: „Плачам два месеци“

10 јуни 2026, 14:07
  • cподели

Џенифер Лопез не можеше да ги сокрие емоциите на матурската церемонија на синот Макс. 

56-годишната пејачка беше фотографирана додека си ги бришеше солзите на овој важен момент од животот на нејзиниот 18-годишен син, кој успешно го заврши средното образование.

На свеченоста, Лопез блесна во светлозелен цветен фустан, а по доделувањето на дипломата, го прегрна Макс и гордо позираше со семејството.

Покрај неа беа нејзините родители Гвадалупе Родригез и Дејвид Лопез, долгогодишниот менаџер Бени Медина, како и близначката на Макс, Еми, која неодамна си го промени името во Оскар.

Макс и Еми, кои Џенифер ги доби во бракот со бившиот Марк Антони, наскоро ќе заминат на студии далеку од дома, а Лопез призна дека тоа е многу емотивно за неа.

„Плачам веќе два месеци“ – рече Лопез во едно телевизиско интервју, додавајќи дека тешко се помирува со фактот дека близнаците ќе заминат на факултет.

„Ова е емотивен период. Отсекогаш бевме ние тројца. Луѓе доаѓаа и си заминуваа од мојот живот, но тие секогаш беа тука. Едноставно никогаш не мислев дека тие нема да се тука“ – додаде таа.

Сепак, и покрај тагата, таа е неизмерно горда на нивните успеси. Лопез откри дека и двајцата биле примени на сите факултети на кои аплицирале и добиле стипендии.

„Толку сум горда на нив. Поставија цели и ги остварија. Беа примени во сите пет колеџи во коишто аплицираа, двајцата добија стипендии... Работеа многу напорно... тие се добри луѓе“ – изјави таа.

Tags
Џенифер Лопез

Најнови

  • Меган Маркл и принцот Хари со децата

    Игри на плажа, посета на домот на принцезата Дијана: Меган Маркл објави летни фотографии со принцот Хари и децата

    Fri, 07/24/2026 - 14:15
  • Од скромни почетоци до светски метрополи: Пајак ужива во Лондон откако сподели дека никогаш не бил на одмор во Грција

    Fri, 07/24/2026 - 13:40
  • 84 дена се бореше за живот на болница, сега слави дома 3 месеци: Сопругата на Христијан Трајаноски со преслатка фотосесија од ќеркичката

    Fri, 07/24/2026 - 13:35
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.