Џенифер Лопез во бело на роденденска вечера со саканиот еден ден откако славеше во ултра сексапилно издание
Џенифер Лопез чекори кон шестата деценија од животот, но нејзиниот изглед ни малку не го издава тоа. Славната пејачка наполни 48 години и тој специјален ден го одбележа со романтична вечера со саканиот.
Музичката ѕвезда и Алекс Родригез беа фотографирани кога излегуваа од ресторанот „Prime 112“ во Мајами. Џеј Ло изгледаше шармантно во бела модерна комбинација и чанта од Hermes.
Џенифер и Алекс ги прославија своите родендени со заедничка забава со роднините и пријателите. На прославата, Лопез ги привлече сите погледи во ултра мини фустан од Bao Tranchi и сандали од Jimmy Choo.
