Џенифер Лопез се вери со Алекс на романтичен одмор на Бахамите, погледнете го дијамантскиот прстен
Џенифер Лопез го прифати предлогот за брак на Алекс Родригез. Популарниот пар се вери на романтично патување на Бахамите.
49-годишната пејачка и 43-годишниот поранешен спортист споделија фотографија од големиот веренички прстен на Instagram.
„Таа рече да“ – напиша Алекс. Ова ќе биде четврти брак за Џеј Ло.
И претставник за јавноста на Џенифер ја потврди веста за свршувачката. „Тие се на одмор и се верија денес“ – изјавил Бени Медина за People.
Лопез и Родригез се во врска две години. И двајцата имаат по две деца од претходните бракови.
