• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Џенифер Лопез шармантна за „Вог“, зборуваше за Бен Афлек и обновувањето на романсата од пред 20 години

9 ноември 2022, 09:05
  • cподели

Џенифер Лопез сними фотосесија за „Вог“, а во интервјуто отворено сподели како се чувствува за обновувањето на романсата со Бен Афлек, за земањето на неговото презиме и за односот со нивните деца.

За модната библија, 53-годишната пејачка позираше во креации од врвни модни брендови како Гучи, Валентино, Диор, Марк Џејкобс и Сен Лоран.

Фотографиите ги потпишува фотографката Ени Либовиц.

Џенифер Лопез Џенифер Лопез

Алудирајќи на статија напишана во The New York Times по преземањето на презимето Афлек, во кое се искажуваше разочарување за тој нејзин потег, Лопез рекла:

„Што? Навистина? Луѓето и понатаму ќе ме викаат Џенифер Лопез. Но, моето легално име ќе биде госпоѓа Афлек, бидејќи ние сме соединети заедно. Ние сме сопруг и сопруга. Се гордеам со тоа. Не мислам дека тоа е проблем“.

На прашањето дали таа би сакала Бен да е господин Лопез, Џенифер рекла:

„Не! Тоа не е традиционално. Нема никаква романса во тоа. Ова за мене е моќен потег. Јас во голема мера имам контрола врз мојот живот и мојата судбина и се чувствувам моќно како жена и како личност. Можам да разберам дека луѓето имаат свои чувства во врска со ова и тоа е во ред. Но, ако сакате да знаете како се чувствувам јас, јас едноставно чувствувам дека ова е романтично. Тоа за мене сé уште носи традиција и романса, па можеби јас сум таков тип на девојка“.

Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез

За почетоците на нивната романса во 2002 година, славната музичарка и актерка изјавила:

„Тогаш бевме многу млади и многу вљубени, вистински безгрижни, без деца и без обврзување. Си ги живеевме животите и бевме среќни. Не мислевме дека треба да се криеме од некој или да бидеме дискретни. Едноставно живеевме со жар и тоа нé повреди. Имаше многу луѓе што не сакаа да бидеме заедно, луѓе кои си мислеа дека не сум вистинската за него.“

„Ние двајцата се изгубивме еден со друг и повторно се пронајдовме... Сé што некогаш сме сакале е да стигнеме до точка на мир во нашите животи каде навистина ќе чувствуваме онаков тип на љубов која може да се почувствува само кога си многу млад и се прашуваш дали можеш да го имаш тоа повторно“.

Џенифер Лопез Џенифер Лопез

Џенифер е мајка на две деца, а Бен има три деца од бракот со Џенифер Гарнер. Според зборовите на Лопез, тие одлично го прифаќаат бракот на нивните родители.

„Тие имаат многу чувства. Тинејџери се. Но, засега сé е одлично. Она што сакам да го создадам во нашето семејство е неговите деца да имаат нов сојузник во мене, а моите деца да имаат нов сојузник во него, некој кој навистина ќе ги сака и ќе се грижи за нив“ – рекла таа.

Љубовната приказна на Џенифер и Бен, познати и како Бенифер, трае две децении. Тие се верија во 2002 година, а во 2004 година и официјално раскинаа. Повторно ја обновија врската во јуни 2021 година, а во јули годинава стапија во брак во Лас Вегас.

Џенифер Лопез
Tags
Џенифер Лопез

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.