• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Џенифер Лопез пресоздаде фотографија од пред 20 години за да го најави новиот албум

28 ноември 2022, 09:00
  • cподели

На радост на нејзините обожаватели, Џенифер Лопез ќе создаде нова музика. 53-годишната пејачка го најави новиот албум со видео во кое пресоздава своја фотографија од пред 20 години.

Станува збор за омотот на албумот „This Is Me…. Then“ (2002), кој сега го рекреира за најавното видео за претстојниот албум „This Is Me… Now“.

ЛопезЛево: Лопез во 2002, Десно: Лопез во 2022 ЛопезЛопез во 2002 ЛопезЛопез во 2002 ЛопезЛопез во 2022
View this post on Instagram

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Претходно, Лопез ги имаше избришано сите фотографии и видеа од својот профил на Instagram. Сега, на него стојат само три објави.

Во едната од нив, Лопез зборува за инспирацијата зад двата албуми. И во двата периоди од животот кога работела на нив, таа била вљубена во истата личност – Бен Афлек.

„Пред 20 години се вљубив во љубовта на мојот живот. Тогаш работев на албум кој се викаше ‘This Is Me… Then’. И беше за овековечување на тој момент во времето. Кога сум вљубена, тогаш сум инспирирана. Бев толку инспирирана што оттогаш немам направено друг таков албум. Бев во преголема болка сите овие години и мојот начин на преживување беше со напорна работа, криејќи ја таа страна од мене. Но, сега, 20 години подоцна, навистина има среќен крај“ – вели славната пејачка, која неодамна стапи во брак со саканиот Бен.

View this post on Instagram

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Лопез

Деновиве, Џенифер и Бен беа фотографирани кога си заминуваа од театарот „Winter Garden“ во Њујорк.

Лопез Лопез Лопез Лопез
Tags
Џенифер Лопез

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.