Џенифер Лопез повеќе од една деценија одблиску соработува со Зухаир Мурад, но досега никогаш немаше присуствувано на негова ревија. Токму затоа, музичката и филмска ѕвезда и либанскиот дизајнер вчера со нескриено задоволство позираа заедно по ревијата во Париз.
„Ова е моја прва ревија со него. Никогаш не успевав да стигнам. Секогаш бев зафатена кога ги правеше ревиите и многу сум среќна што сум тука денес да го поддржам“ – призна Лопез пред медиумите.
56-годишната пејачка мамеше погледи во впечатлива комбинација од бело сако со кристали и црн масивен колан и здолниште со мониста и реси од колекцијата пролет 2025.
„Мислам дека е многу рок ен рол. Многу ми се допаѓа. Секси, убаво, класично. Многу е во стилот на Зухаир“ – изјавила Лопез за комбинацијата.
Според Лопез, тајната на Мурад лежи во неговата ретка способност да ја разбере женската силуета.
„Пред сè, не можете да зборувате за Зухаир без да зборувате за неговиот крој, начинот на кој тој го познава женското тело. Тоа е она што ме привлече. Да, тука се тие спектакуларни креации, но има многу малку дизајнери кои навистина го разбираат женското тело и го нагласуваат. Кога и да облечете еден од неговите фустани, се чувствувате како најубавата девојка на светот“ – потенцираше таа.
@gala.fr #jlo #jenniferlopez #tiktokfashion #zuhairmurad #fashiontiktok ♬ +57 - KAROL G & Feid & DFZM
Мурад ја презентираше својата колекција висока мода есен 2026 во рамките на Париската недела на високата мода.