„Џебна“ лабораторија сред урбана џунгла: Institute Lab ги претстави иновативните формули на забавен поп-ап настан во Скопје
Кога се дистанцирате од класичниот шаблон на презентирање на козметика и воспоставувате високи визуелни и концептуални стандарди, невозможно е да не креирате позитивен „хајп“. Institute Lab го претвори негувањето во интимна и урбана дружба во Скопје за која одекнаа коментарите „Светско, а наше!“.
Ексклузивниот настан „Pocket Lab Showcase“, одржан во модерниот салон на „Yeppeuda“, беше извонредна можност за персонализирано „skin-care“ патување и директен допир со револуционерната филозофија на Institute Lab.
Присутните имаа привилегија одблиску да ги искусат нивните иновативни формули, дизајнирани со бескомпромисна научна прецизност за беспрекорно здрава кожа и коса. Конципиран како „џебна“ лабораторија, настанот им овозможи на гостите и анализа на кожата, надополнета со стручна консултација со дерматолог.
Производите со минималистички и ултра модерни пакувања ги мамеа гостите да проникнат подлабоко во формулите и да си го пронајдат најсоодветниот сојузник во рутината за нега и разубавување.
Коментирајќи го ова урбано доживување и поврзувањето со присутните, Јехона Бела, бренд директорката на Institute Lab, за Фемина изјави:
„Pocket Lab Showcase во Yeppeuda беше навистина посебно искуство за нас. Ни значеше што имавме можност одблиску да ја споделиме приказната на Institute Lab и преку персонализирано skin-care искуство да се поврземе со сите присутни. Ви благодариме за довербата, поддршката и прекрасната енергија.“
Стефанија Златку Лузевска, основачката на Yeppeuda, со возбуда говори за соработката:
Yeppeuda e мултибренд компанија која од 2020 на пазарот нуди многу повеќе од производ. Нуди искуство, едукација, квалитет - со широка, но строго селектирана палета. Токму затоа, соработката со Institute Lab е од посебно значење за нас како бренд, обостраното препознавање на квалитетот и совпаѓањето во вредностите на двата бренда!
Низ нашата фотогалерија во продолжение, ви пренесуваме дел од енергијата и естетиката кои владееја на настанот.
Фото: Ерина Богоева / Femina.mk