Дизниленд, Ајфеловата кула, Ролан Гарос... Ракометарот Гоце Ојлески со сопругата Елена и синчето на патување во Париз
Гоце Ојлески со семејството изминатите денови уживаше во Париз.
Македонскиот ракометар со сопругата Елена и синчето Матеј ги посетија Дизниленд и Лувр, ја видоа Ајфеловата кула и проследија тениски натпревар на Ролан Гарос.
Парот сподели фотографии од француската авантура на социјалните мрежи.
Гоце и Елена стапија во брак во 2022 година. Нивното синче се роди во 2024 година.