Директорот ја понижи и ја нарече „глупава“, се врати во натпреварот посилна и стана Мис Универзум
Понекогаш најтешките моменти го откриваат најсилното во нас.
Фатима Бош, чиј пат на овогодинешниот избор за Мис Универзум во Бангкок започна со солзи, на крајот заврши со круна, благодарение на нејзината смелост да се бори против неправдите.
Мис Мексико синоќа беше прогласена за новата Мис Универзум на натпреварот за убавина кој се одржа во Тајланд. Таа се расплака од среќа кога ја доби посакуваната круна и беше поздравена со силни аплаузи.
Но, патот кој Фатима го изоди за да стигне до круната не беше лесен. Претходно, таа беше понижена и навредена од директорот на натпреварот Нават Ицарагрисил, кој ја нарече „глупава“ пред останатите натпреварувачки.
Бош не дозволи тоа да помине незабележано и ја напушти салата заедно со уште неколку убавици кои ѝ дадоа поддршка и покажаа дека солидарноста е посилна од стравот.
Под притисок од јавноста, директорот подоцна низ солзи се извини, а Фатима се врати во трката за круната и ја освои.
Со секој чекор што го правеше, таа носеше порака дека никој нема право да ви го одземе достоинството, а ако тоа се случи, не смеете да молчите.
Кога беше прогласена за Мис Универзум 2025, публиката реагираше со силни емоции, затоа што победи жената која реши да не премолчи.
На натпреварот за убавина учествуваа мисици од 121 земја од светот. Мис Тајланд беше прогласена за прва придружничка, а втора придружничка стана Мис Венецуела.
