• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

12 декември 2025, 13:00
  • cподели

Во рамките на културниот настан „Фолклорот низ генерации живее“ во организација на Скопје Cити Mол и на ансамблот на народни игри и песни „Орце Николов“, од 5 до 7 декември се одржа програма што уште еднаш ја потврди моќта на уметноста да поврзува генерации, да ја зачувува традицијата и да ја инспирира иднината.

Фолклорот низ генерации живее

Публиката со воодушевување ги дочека автентичните фолклорни изведби, го прифати ритамот, спонтано собирајќи се во танц и дружење во атмосфера исполнета со радост и позитивна енергија. Музиката, играта и вредноста на традицијата овие денови го исполни Скопје Cити Mол со топлина и многу емоции. 

Добро осмислената програма понуди и ревии на традиционални носии, изложба на фотографии и орнаменти од богатата ризница на ансамблот, како и етно-креативни работилници и звуци од едни од најавтентичните народни инструменти. 

Фолклорот низ генерации живее
Фолклорот низ генерации живее

„Навистина сме среќни што организиравме настан кој остави силен впечаток, потврдувајќи дека традицијата живее преку новите генерации. Му благодариме на ансамблот „Орце Николов“ и на сите учесници што придонесоа Скопје Cити Mол за миг да стане симбол на традицијата и културната сила на оваа нација“ - изјави Ебру Радевски, Генерален менаџер на Скопје Cити Mол. 

Ваквите и слични настани и иницијативи, нудат можност за учење и размена на искуства. Едукацијата е клучна, а пренесувањето на знаењата и искуствата од постарите на помладите генерации е непроценливо. 

„Овие денови ќе останат запаметени како денови на традицијата и современоста, споени во дружба што ги допре срцата на присутните и нè потсети на вредностите што нè обликуваат“ - додава Радевски. 

Во тридневната програма посетителите имаа чест да бидат дел од исклучително богатото и разновидно опкружување што го обликува културниот идентитет на Македонија и го потврдува музичко и фолклорното наследство што го негува овој реномиран ансамл, како темелна составнина на културниот идентитет на нашата нација.
 

Фолклорот низ генерации живее
Фолклорот низ генерации живее

Најнови

  • „Ѕид на љубезноста“: Улични „катчиња“ во Шведска за топла облека за оние кои не можат да си дозволат

    Fri, 12/12/2025 - 14:18
  • Донација на Витаминка

    Витаминка со Стоби Флипс и купувачите донираат 1.000.000 денари за СОС Детско село

    Fri, 12/12/2025 - 13:08
  • Фолклорот низ генерации живее

    Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

    Fri, 12/12/2025 - 13:00
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.