• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Дигитален детокс со чај и книги: Како помина првиот Offline Tea & Book Club во Скопје?

6 март 2026, 17:40
  • cподели

Среде урбаниот градски пулс, каде секојдневието е исполнето со звуци на нотификации, а вниманието е перманентно заробено во бесконечното виртуелно скролање, несекојдневен настан понуди една поразлична, речиси заборавена реалност. Првиот Offline Tea & Book Club во режија на „Подравка“ се преточи во интимно прибежиште за вљубениците во пишаниот збор и почитувачите на идејата за „дигитален детокс“, нудејќи им скапоцена оаза на спокојот.

Оставајќи ги телефоните при влегување, гостите во кафе-книжарницата на Literatura.mk избегаа од френетичната брзина на дигиталниот етер и нурнаа во една поинтимна фреквенција.

Амбиентот, проткаен со меки музички акорди и фузија на чајни ароми, култивираше атмосфера во која дијалогот дишеше слободно, а човечката конекција повторно го доби својот исконски, немонтиран облик.

Offline Tea & Book Club на Подравка
Offline Tea & Book Club на Подравка

Вечерта беше водена од модераторот Александар Маџаровски, познат на социјалните мрежи како „Читачот“, кој ја насочуваше програмата низ интерактивно читање, игри и дискусии за книги. Присутните заедно читаа извадоци од омилени наслови, а потоа ги коментираа и споделуваа лични впечатоци, со што спонтано се создаде кохезивна книжевна заедница.

Александар Маџаровски на Offline Tea & Book Club
Александар Маџаровски на Offline Tea & Book Club

Еден од најзабавните моменти беше „играта со шолјата“. Имено, низ публиката кружеше убава чајна шолја, а кога читањето ќе прекинеше, таа остануваше кај оној во чии раце ќе се најдеше во тој момент. Токму оваа мала игра внесе смеа и раздвиженост меѓу гостите.

Разговорите за книги продолжија и преку интересни прашања кои ја поттикнаа фантазијата на присутните. На пример: „Со кој писател би пиеле чај доколку имате таква можност?“. Еден од највеселите моменти, кој симболично остана „офлајн“ и недокументиран поради духот на дигиталниот детокс, беше кога Теона Сима, позната како „The Language Blondie“, прочита извадок од книга имитирајќи различни акценти – турски, шпански, индиски, грчки и италијански, што предизвика многу смеа и аплаузи.

Теона Сима на Offline Tea & Book Club
Offline Tea & Book Club

Специјален момент беше и кога писателката Ана Бунтеска со присутните сподели дел од својата поезија, внесувајќи интимна и инспиративна нота во вечерта. Инспиративната авторка за Фемина, вели дека ваквите средби се важни за враќање на балансот:

„И тоа како сакам ваквиот дигитален детокс да стане тренд. Ова е вистинско освежување и едно изместување од реалноста за која мислиме дека е дел од нашиот живот, а всушност е наметната.“

Ана Бунтеска на Offline Tea & Book Club

На секоја маса, помеѓу книгите, се наоѓаше топол и ароматичен чај од „Подравка“, а се служеа и коктели со чаеви. Меѓу присутните имаше вистински љубители на книжевноста, членови на книжевни клубови, инфлуенсери кои ја поддржуваат идејата за поосмислено користење на технологијата, како и студентки од Филолошки факултет „Блаже Конески“, кои активно се вклучуваа во разговорите.

„Веќе гледаме дека светските трендови на дигитален детокс и масовни офлајн собирања се движат кон младите и урбаните професионалци, и веруваме дека и кај нас ова ќе прерасне во културно движење. ‘Подравка’ ќе продолжи да го поддржува овој концепт преку својот асортиман на чаеви и присуство на културни настани од различен тип“, вели Ивица Саралиевски, генерален директор на „Подравка“ во Македонија.

Настанот го следеше и екипата на Фемина, а дел од присутните споделија како тие гледаат на дигиталниот детокс.

Теона Сима вели дека ваквите паузи од технологијата веќе се дел од нејзината рутина:

„Често одам на прошетка без телефон, а кога трчам подолги дистанци – по 14 или 15 километри, намерно го оставам дома. Тоа значи дека поминувам и по два-три часа без телефон. Дури си купив и флип телефон само за повици, за да немам нотификации и умот малку да ми се смири“.

Теона Сима на Offline Tea & Book Club

За самиот настан додава дека веднаш знаела дека сака да присуствува:

„Кога ја прочитав поканата си реков дека морам да дојдам, бидејќи вакво нешто досега немало кај нас. Многу ми се допадна амбиентот и начинот на реализација и искрено се надевам дека ваквите настани ќе станат тренд.“

Инфлуенсерката Христина Пан призна дека навиката понекогаш знае да биде посилна:

„Навистина уживав во настанот. Неколку пати фатив дека по навика сакам да посегнам по телефонот, па си реков: ‘Не, почекај’. Баш е убаво барем еден час целосно да се исклучиме.“

Offline Tea & Book Club

Слично размислува и инфлуенсерката Сандра Кирков:

„Нам навистина ни требаат повеќе вакви настани. Особено за нас што постојано сме на социјалните мрежи, овој час без нотификации беше навистина освежувачки, да бидеш целосно присутен и да се посветиш на тоа што се случува околу тебе.“

Инфлуенсерката Александра Трпеска („Majestic“) вели дека веќе некое време практикува сопствен „социјален детокс“.

„Се почувствував презаситена од постојаното скролање. Толку различни видеа за неколку секунди создаваат анксиозност. Пред извесно време направив и експеримент – 24 часа без телефон. Моите родители дури дојдоа дома да проверат дали сум добро затоа што не се јавував,“ раскажува таа со насмевка.

„Многу повеќе сакам да сум во природа – на кајак, на планина или на бордање. И би сакала почесто да има вакви собири на теми како литература или филм, затоа што мислам дека ни недостига да разговараме за важни работи.“

Offline Tea & Book Club
Offline Tea & Book Club

Познатата телевизиската водителка Јелена Спенџарска вели дека направила мал, но значаен чекор во секојдневието:

„Почнав да не си легнувам и да не се будам со телефон – не ми е во спалната. Кога читам, телефонот го оставам во друга соба, а и кога трчам не го носам со себе. Тоа многу ми помага да се концентрирам.“

Offline Tea & Book Club
Offline Tea & Book Club

Писателката и основач на издавачката куќа „ПНВ Публикации“, Јулијана Величковска, која вели дека најчесто пие чај од мајчина душичка или камилица, смета дека ваквите настани имаат и културна вредност:

„Ова е убав настан што го популаризира читањето, но и самата филозофија на пиењето чај. Мислам дека е одличен начин таа култура да се доближи до поширока публика.“

Јулијана Величковска на Offline Tea & Book Club
Offline Tea & Book Club

Модераторот на вечерта, Александар „Читачот“, ни открива дека читањето за него е природен начин за „тивок“ дигитален детокс:

„Кога бирам меѓу серија, YouTube или книга, најчесто избирам книга. Тој процес на влегување во светот на книгата и забавување на темпото за мене е еден вид детокс. Секако, вистинското исклучување од дигиталниот свет бара свесен напор, но ваквите средби покажуваат колку е убаво кога ќе се исклучиме од телефоните и ќе разговараме меѓу себе.“

Offline Tea & Book Club
Offline Tea & Book Club

Забавното дружење иницирано од „Подравка“ резултираше со нови познанства, инспиративни разговори и краток, но освежувачки дигитален детокс во срцето на главниот град. Ентузијазмот беше најдобрата потврда за успехот на настанот и кај многумина веднаш го наметна прашањето – „Кога повторно?“

Offline Tea & Book Club на Подравка
Offline Tea & Book Club на Подравка
Offline Tea & Book Club на Подравка
Offline Tea & Book Club на Подравка
Offline Tea & Book Club на Подравка
Offline Tea & Book Club на Подравка
Offline Tea & Book Club на Подравка
Offline Tea & Book Club на Подравка
Offline Tea & Book Club на Подравка
Offline Tea & Book Club на Подравка
Offline Tea & Book Club на Подравка

Автор: Даница Караташова Илиоска / Femina.mk

Фото: Ерина Богоева / Femina.mk

Tags
Подравка
Offline Tea & Book Club

Најнови

  • Маја Ацевска, претседателка на Кризниот центар „Надеж“

    „Кога жртвата еднаш ќе се разочара, често се повлекува и останува сама“: Маја Ацевска за семејното насилство

    Fri, 03/06/2026 - 23:10
  • Среќа Плус

    Изненадете ја на 8 Март – подарете „Среќа плус“

    Fri, 03/06/2026 - 21:19
  • Ева Јовановска

    Инфлуенсерката Ева Јовановска во потрага по совршен подарок за мајка ѝ: Еве што одбра од dm за 8 Март

    Fri, 03/06/2026 - 19:06
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.