• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Видео

Девојка од БиХ го изненади татко си со билети за Светското првенство во фудбал

29 април 2026, 11:26
  • cподели

Слатко и емотивно виде од Босна и Херцеговина го обиколи интернетот и насолзи многу очи.

Млада девојка по име Лејла му приреди незаборавно изненадување на својот татко, кој, како што самата пишува, се борел за својата земја во минатото.

Девојката, која сега живее во Кливленд, му подарила на татко си билети за натпреварите на репрезентацијата на Босна и Херцеговина на Светското првенство во фудбал кое ќе се одржи во САД. 
Во описот на видеото на TikTok таа напиша: „Купуваш билети за татко ти да ја гледа земјата која не би постоела ако не се жртвувал тој“.

За да го реализира изненадувањето, Лејла прво направила симболични, „лажни“ билети, бидејќи официјалните сè уште не се продаваат во физичка форма, а потоа му ги подарила на татко си заедно со авионските карти за Сиетл.

Реакцијата на таткото никого не остави рамнодушен. Откако ја отвори кутијата и сфати за што станува збор, не можеше да ги сокрие емоциите и заплака.

@livelovelej The most excited I’ve ever been to give a gift. 🇧🇦⚽️ To my dad who gave everything for his country & even more to his family 🫶🏽#fifaworldcup #bosnia #immigrantparents #surprisegift #halidbeslic ♬ original sound - livelovelej

Видеото за кратко време собра стотици илјади прегледи и десетици илјади лајкови, а коментарите беа преполни со комплименти.

„Ова е прекрасно“, „Ќе навивам за Босна“, „Да ги усреќиме родителите кои ни дале сè“ – се дел од пораките што ги оставаа корисниците.

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина ќе настапи во групата Б на Светското првенство, заедно со Канада, Катар и Швајцарија. Првиот натпревар ќе го одигра во Торонто на 12 јуни, по што следуваат дуелите во САД, во Инглвуд и Сиетл.

Tags
Босна и Херцеговина
Светското првенство во фудбал 2026

Најнови

  • „Најсреќен роденден Тета чистачка“: Каролина Гочева блеска на 46-тиот роденден, внуката Инес со забавна порака

    Wed, 04/29/2026 - 11:52
  • Филип Георгиевски од „Кеса на 10“

    Не е срамота да чистиш, срамота е да фрлаш ѓубре: Запознајте го Филип кој ја чисти некултурата низ Скопје

    Wed, 04/29/2026 - 11:50
  • Девојка од БиХ го изненади татко си со билети за Светското првенство во фудбал

    Wed, 04/29/2026 - 11:26
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.