Девојка го победи ракот, па на концертот на Јаков Јозиновиќ извика: „Ми даваа 2 месеци живот. Немам повеќе рак“
Девојка, која го победи ракот, собра храброст и ја сподели својата животна приказна пред присутните на концертот на Јаков Јозиновиќ.
Тина од Словенија пред сите на цел глас извика: „Немам повеќе рак. Ми даваа два месеци да живеам“, а нејзините зборови предизвикаа силни емоции кај публиката и кај самиот пејач.
Јаков беше видно трогнат од нејзината исповед. Со искрена насмевка и зборови на поддршка ѝ порача дека е вистински борец и дека е „најсилна“, а публиката одговори со силен аплауз.
Борбата на Тина започнала во ноември 2023 година, кога ѝ бил дијагностициран рак во четврта фаза. Иако прогнозите во тој период биле многу песимистички, таа не се откажала и по долг и тежок третман, успеала да ја победи болеста.
Денес, таа јавно зборува за своето искуство со цел да им даде надеж на луѓето кои минуваат низ слична животна битка. Нејзината желба е да ја подигне свеста за ракот и да им биде поддршка на пациентите кои се соочуваат со оваа дијагноза.