• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Хороскоп

Девица – општи карактеристики

17 октомври 2025, 19:23
  • cподели
Жена девица во хороскоп

Девиците се управувани од Меркур – планетата на интелектот и комуникацијата. Ако вашиот знак е девица, тогаш сигурно сте многу љубопитни. Секогаш сакате да знаете сè до детали, потоа тоа го анализирате, формирајќи си свое мислење и преценка.

Многу сте слатки и наивни, но вашиот брз ум никогаш не пропушта ниту еден детаљ. Обожавате да анализирате сè! Фактички може да полудите, затоа што никогаш не престанувате да мислите. Одморете го малку вашиот ум решавајќи крстозбор, пишејќи приказна или подредувајќи го вашето биро.

Вие сте перфектен и прецизен работник, организирани сте и подредени. Поради вашиот перфекционизам, секогаш ги гледате грешките и недостатоците кај другите и понекогаш премногу ги критикувате вашите пријатели. Но, за сметка на тоа секогаш сте покрај нив кога имаат потреба од помош и никогаш не им велите „не“ кога им треба вашата услуга.

Секогаш внимателно ги слушате другите додека зборуваат и како резултат на тоа, секогаш им ги давате најдобрите совети. Вие сте од оние луѓе кои сакаат да им помагаат на другите, но никогаш не прифаќаат помош од нив. Оставете ги вашите пријатели да ви помогнат и да ве поддржат во тоа што го правите.

Во љубовта сте повеќе ладни и практични, отколку романтични. Како припадник на земјен знак уживате да бидете надвор, на отворено. Земјените знаци исто така се многу практични. Вие внимателно ги проценувате вашите одговори и никогаш не реагирате емоционално.

И за крај еден совет - пробајте да бидете малку поотворени кон луѓето околу вас. Не мора да бидете перфектни за другите да ве сакаат. Едноставно, бидете она што сте.

Симбол:
Девица

Симболизира:
Перфекционизам, аналитичност, логика, работливост, детализирање, потчинетост, ефикасност.

Елемент:
Земја

Планета:
Меркур – планетата на интелектот и комуникацијата. Во Римската митологија Меркур е пратеник на боговите, познат по своите аналитични способности. Тој е исто така познат по комуникациските способности, брзината и интелектот.

Ден од седмицата:
Среда

Боја:
Светло зелена

Број:
5

Скапоцени камења:
Сафир и топаз.

Најдобри професии:
Лекари, фармацевти, социјални работници, секретари, градежни работници, сметководители, библиотекари, медицински сестри и секакви работи поврзани со хигиена.

За да се спријателите со нив:
Поради тоа што ги сакаат деталите, покажете интерес кон оние детали, кои што обично не се забележуваат.

Дел од телото:
Стомак, половина, дигестивен систем.

Добри карактеристики:
Посветени, креативни, сакаат да помагаат, работливи, остроумни, практични, аналитични, перфекционисти, педантни, чисти, логични, остроумни.

Лоши карактеристики:
Самоуништувачки и самосожалувачки настроени, обожаваат да даваат совети и да ги затрупуваат другите со прашања, премногу критични, скептични, со комплекс за ниска вредност.

Карактеристики по кои ќе ги познаете:
Бебешко лице, скитнички очи кои ја анализираат секоја ситуација.

Омилени работи:
Лаптопи, списанија, да се тушираат долго време со ароматизирани сапуни, концерти на отворено, пријатели од детството.

Работи кои ги мразат:
Мрзливи или вулгарни луѓе, крчми, зачинета храна, да го напуштаат својот дом, несигурност, нејасни работи.

Можете да ги најдете:
Како ги чуваат децата на соседите; како ги исполнуваат обврските, од нивните бескрајно долги листи за работи кои што треба да ги направат; чистејќи перфектно без да остане ни една дамка.

Скриена желба:
Да бидат херои!

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.