• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Детски едукативни работилници „Со здрави навики до здрави бубрези“

14 октомври 2016, 08:00
  • cподели

Во средата започнаа едукативните работилници за деца на тема „Со здрави навики до здрави бубрези“. Организатор на овие работилници е Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“, кое, во соработка со „Ladna“, во оваа, прва, фаза од проектот, ќе се погрижи сите ученици од трето одделение од општините Центар, Чаир и Аеродром да добијат соодветна едукација за здрави навики кои ќе придонесат за зачувување на здравјето на бубрезите.

Детски работилници

На овие работилници децата ќе имаат можност преку интерактивна презентација да се запознаат со функцијата и важноста на бубрезите за целокупното здравје на човекот, со ризиците од бубрежните заболувања, а ќе добијат и совети за превенција од заболувања.

Секое дете ќе добие едукативна боенка поврзана со тематиката на работилницата, боички и шишенце „Ладна“ вода.

Планирано е работилниците во овие три општини да се одржуваат до крајот на годината, со што ќе се заокружи првата фаза од активностите на овој проект.

„Многу малку треба да направиме за да ги зачуваме здрави нашите бубрези. Треба да не се јаде солена храна и храна која содржи многу шеќери, да не се пијат газирани пијалаци, да се јаде многу овошје и зеленчук и да се пие многу вода. Треба да се спортува, да се вежба и да не се пушат цигари. Од исклучително значење е зголемување на свесноста на децата за овие совети уште од најрана возраст“ - велат од здружението „Нефрон“.

Детски работилници

Бидејќи пиењето вода е од суштинско значење за здравјето на бубрезите, поддршката на ваквите настани е директно поврзанa со мисијата на Ladna. За сите заеднички активности, како и за распоредот на работилниците и за текот на проектот, повеќе информации ќе можете да најдете на Фејсбук-страницата на „Ladna“.

Најнови

  • Парфем

    Кои шминки и парфеми ќе го направат овој 8 Март незаборавен? Пронајдете ги по секогаш поволни цени во dm!

    Thu, 03/05/2026 - 19:12
  • Гордана Сиљановска-Давкова

    Сиљановска-Давкова: „Овој 8 Март, по несфатливата смрт на Ивана и Катја, тешко ми е да го доживеам како Ден на жената“

    Thu, 03/05/2026 - 16:00
  • Рафаел Надал го учи синчето да скија на зимување со саканата: „Линдзи Вон, дали имаш некој совет за нас?“

    Thu, 03/05/2026 - 14:09
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.