• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

Дете-херој: 13-годишно момче пливаше ЧЕТИРИ ЧАСА низ бранови за да си го спаси семејството одвлечено од струи

4 февруари 2026, 14:46
  • cподели

Во моменти кога животот и смртта ги дели само една одлука, 13-годишниот Остин Апелби покажа храброст каква што ретко се гледа дури и кај возрасните. 

Смелиот тинејџер стана вистински херој откако четири часа пливаше низ немирно и студено море до брегот на Западна Австралија, за да побара помош и да го спаси своето семејство, кое беше одвлечено 14 километри.

Сè започнало како безгрижно попладне за време на семеен одмор во Квиндалуп, кога Остин, неговата мајка Џоан, 12-годишниот брат Бо и 8-годишната сестра Грејс излегле на вода со кајак и СУП даски. 

Силниот ветер нагло се засилил, а струите почнале да ги влечат сè подалеку од брегот. Ситуацијата за кратко време станала драматична.

Сфаќајќи дека шансите за спас се намалуваат од минута во минута, неговата мајка Џоан ја донела најтешката одлука во животот да го испрати Остин да плива со часови за да преживеат.

„Една од најтешките одлуки кои некогаш сум ги донела беше да му речам на Остин да се обиде да стигне до брегот и да побара помош. Ова можеше да стане многу сериозно, многу брзо. Можев да ја видам опасноста, затоа што бевме одвлечени многу далеку и брановите постојано доаѓаа и стануваа посилни.“

„Знаев дека е најсилен и дека може да успее. Јас не можев да ги оставам другите деца сами на море… морав да испратам некого“ - изјави Џоан подоцна.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by 7NEWS Perth (@7newsperth)

Додека мајката и помалите деца останале да се борат со брановите, облечени во спасувачки елеци и држејќи се за даска, Остин започнал исцрпувачка битка со морето. Пливал со часови, менувајќи стилови, охрабрувајќи се самиот со мислата дека мора да успее за своето семејство.

„Само си повторував: ‘Не денес, не денес'“ - рекол тој.

Но, тука не завршил подвигот на Остин. Тинејџерот морал да истрча уште два километри за да најде телефон и да ги алармира службите за итни случаи.

„Морав да трчам 2 километри за да најдам телефон“ - раскажал тој.

Во меѓувреме, Џоан се борела да ги задржи двете помали деца над водата.

„Кога се стемни, тоа беше најстрашниот момент. Помислив дека сме сами“ - рече таа.

Благодарение на деталните описи на Остин, спасувачките екипи за еден час го пронашле семејството на околу 14 километри од брегот. Сите биле извлечени живи и пренесени во болница со полесни повреди.

Полицијата и спасувачите го пофалија Остин, истакнувајќи дека со неговата храброст ги спасил животите на неговата мајка, братот и сестрата.

Tags
дете-херој
дете-чудо

Најнови

  • Никола и Елена Митревски со децата

    Се заљубиле на Широк Сокак кога имала 16 години, закажал свадба без да ѝ каже, се селеле безброј пати: Љубовната приказна на Елена и Никола Митревски

    Wed, 02/04/2026 - 16:00
  • Дете-херој: 13-годишно момче пливаше ЧЕТИРИ ЧАСА низ бранови за да си го спаси семејството одвлечено од струи

    Wed, 02/04/2026 - 14:46
  • „Елените... Новата гордост на Галичица“: Тоше Огњанов објави прекрасни фотографии од елените на Галичица

    Wed, 02/04/2026 - 13:30
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.