• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Детали за киднапирањето на Даниел Кајмакоски во Белград: Му се заканувале со пиштол и нож, го пронашле врзан, се огласи и мајка му

9 февруари 2026, 11:10
  • cподели

Даниел Кајмакоски викендов беше киднапиран во Белград по настапот во познат локал, а благодарение на сплет на околностите и брзата реакција на полицијата, тој е пронајден жив и без повреди.

Македонскиот пејач, кој во 2014 година победи на „X Factor Adria“, бил пресретнат од киднаперите кои биле вооружени со пиштол и нож. Тие го принудиле да влезе во автомобил, го врзале и од него барале 20.000 евра во замена за неговиот живот, заканувајќи се дека нивни соучесници ќе им наштетат на неговата сопруга и децата.

Густата магла и лизгавиот коловоз одиграле клучна улога во неговото спасување. Осомничените, во услови на намалена видливост, се дезориентирале и удриле во заштитна ограда. Автомобилот бил оштетен, по што двајцата киднапери, за кои се смета дека се странски државјани, побегнале во непознат правец, оставајќи го Кајмакоски врзан во возилото.

Даниел беше пронајден од полицијата и сега е дома. Полицијата и понатаму трага по осомничените и ги испитува сите околности на случајот.

Информации за киднапирањето сподели и Миланка Рашиќ.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

По настанот кој привлече големо внимание во регионот, за Блиц се огласи и мајката на Кајмакоски, Ружа, која е во шок.

„Ви благодарам на прашањето. Се слушнавме. Важно е дека е жив, а рано е да е каже дали е добро. Во вакви ситуации, човек најмногу стравува за своите деца. Јас сум во шок“ – рекла потресената жена.

Даниел долги години живее и работи во Србија. Во брак е со Марина со која има и две дечиња.

Tags
Даниел Кајмакоски

Најнови

  • „Останав без зборови“: Соња од Кавадарци за предлогот за брак од саканиот Александар во Барселона

    Mon, 05/25/2026 - 21:35
  • „Душава ми ја изгоре, срцето ми го распарчи“: Сопругата на Ристе Велков со трогателни пораки за него и синот Адам по нивната смрт

    Mon, 05/25/2026 - 20:50
  • Македонската манекенка Маја Глигоровска ѕвезда во две креации на ревија во Кан: „Беше огромна чест“

    Mon, 05/25/2026 - 18:55
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.