• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Денови за донирање” од срце

16 октомври 2023, 09:31
  • cподели

Ви најавуваме Денови за донирање во кои сите ќе ја искусат радоста и моќта на донирањето. Оваа иницијатива се спроведува во рамки на проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“ кој работи на инфраструктура за домашна поддршка на проекти кои на транспарентен и инклузивен начин ќе се спроведуваат од граѓаните и граѓанските организации и ќе имаат континуирано позитивно влијание во заедницата.

Ја користиме оваа прилика да ги поканиме сите граѓански организации и групи на граѓани да се вклучат со свои активности за донирање во рамките на кампањата Денови за донирање бидејќи само здружените донaции можат да направат вистински промени.

Денови за донирање

За да поттикнеме што е можно повеќе луѓе да учествуваат, создадовме онлајн платформа за групно донирање Оп Оп на која ќе бидат достапни поголем број од проектите кои сакаме да ги поддржиме. Во рамки на настанот ќе имаме донаторски концерт на кој повторно ќе се обединат ѕвездите од М2 продукцијата меѓу кои Елена Ристеска, Ламбе Алабакоски како и други познати изведувачи.

Ќе биде реализирана и донаторска модна аукција со облека изработена од врвни домашни дизајнери, собирни кутии поставени околу најфрекфентните продавници и трговски центри.

„Многу важно за сите нас, како на лично така и на корпоративно ниво е да сме дел од решенијата за проблемите во заедницата. Еден од најубавите начини за тоа е донирањето. Со деновите за донирање создаваме платформа и ги охрабруваме сите да се вклучат инвестирајќи во подобро утре за сите. Со кампањата секоја година ќе го славиме донирањето и ќе ја негуваме културата на филантропијата.” – изјави Никица Кусиникова, извршна директорка на здружението Конект.

Денови за донирање

Деновите за донирање ќе бидат претставени преку гостувања во медиумите со цел поголема промоција на идејата и обезбедување на клима за донирање. Од страна на граѓанските организации ќе бидат организирани и координирани активности на терен како во Скопје така и во другите општини во земјата. Овие настани имаат за цел да инспирираат што е можно повеќе граѓани, граѓански организации и компании да се вклучат и да бидат охрабрени и поддржани во спроведувањето на активностите за собирање средства за проекти по сопствена иницијатива или за централниот фонд на Деновите за донирање.

Настанот e организиран во рамки на проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“, спроведуван од Здружението Конект, a во партнерство со Европскиот центар за непрофитно право, Стопанската Комора на северо-западна Македонија и Индиго.

Промотивен текст

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.