• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Денови на Франција“ во Веро со автентични француски производи и специјални промоции

25 мај 2021, 12:08
  • cподели

Врвно гастрономско доживување со автентични француски производи, како и славење на француската култура и стил на живеење се дел од понудата на „Денови на Франција“ кои Веро ги организира во своите маркети.

Веро

Почнувајќи од денеска (25 мај) па сѐ до 8 јуни, посетителите на Веро маркетите ќе уживаат во промоцијата на една од најценетите светски кујни од која произлегле бројни препознатливи специјалитети и која според специфичните начини за приготвување на храната е вистинска инспирација за останатите кујни во светот. Веро во следниот период нуди специјални цени и промоции на автентични производи од Франција, свежи француски печива, рафинирани сирења, врвни вина и шампањ, софистицирани десерти, но и на квалитетни препарати за нега и козметика за целосно доловување на парискиот стилски шик.

- Првата асоцијација на Франција секогаш ни е добрата храна и прекрасното вино, проследени со убава музика и хедонистички пристап кон животот. „Деновите на Франција“ ги организираме со цел на потрошувачите да им ја доближиме културата на оваа земја, опуштениот стил на живот и врвното гастрономско уживање. Затоа и креиравме специјални понуди и промоции за големо задоволство на нашите потрошувачи. Во следниот период планираме да организираме уште неколку вакви настани преку кои ќе ги претставиме културите и на други земји и ќе им овозможиме потрошувачите да уживаат во нивните кујни и автентични производи – велат од менаџментот на Веро.

Двонеделниот настан „Денови на Франција“ во Веро е поддржан од Францускиот институт во Скопје.

Tags
Веро

Најнови

  • Зоран Кардула

    „Ерато ни отвори еден нов свет во кој нема злоба, нема лаги“: Зоран Кардула отворено за аутизмот на ќерката и специјалната елка

    Sat, 01/10/2026 - 19:15
  • Турската актерка Мерјем Узерли го прослави 5-тиот роденден на ќеркичката Лили со забава инспирирана од „Toy Story“

    Fri, 01/09/2026 - 14:22
  • Никол Шерцингер

    Никол Шерцингер како принцеза во жолта креација од Зухаир Мурад во Дизниленд

    Fri, 01/09/2026 - 14:10
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.