• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Денес е Светскиот ден на борбата против ХИВ/СИДА

1 декември 2016, 15:31
  • cподели

Под мотото „Шизици, уживајте без ризици!“ започна националната кампања за борба против ХИВ/СИДА. Наменета за широката јавност и посебно фокусирана на младите луѓе, оваа кампања содржи и дополнителни активности, со цел да се одбележи 1 декември, Светскиот ден за борба против сида.

Како дел од многубројните активности, на 1 декември, во рамките на фестивалот Таксират, во Младинскиот културен центар – Скопје ќе се одржи настан посветен на подигнување на јавната свест за ХИВ/СИДА. Настанот е со слободен влез, а е замислен како збир од повеќе разновидни содржини посветени на оваа тема, меѓу другите и проекции на филмови во киното „Фросина“, како и промоција на овогодишниот „Твитер календар“ во фоајето на МКЦ. Настанот ќе биде музички поддржан и од страна на Соња Исмаил,која ќе има свој DJ-сет,како и со настапите на Лепи Џони и легендарните Bad Copy.

Борба против СИДА

Националната кампања за борба против ХИВ/СИДА е организирана од Министерство за здравство на РМ и е финансирана од Глобалниот фонд за борба против сида, туберкулоза и маларија, во соработка со Светската здравствена организација. Во промовирањето на позитивните цели на кампањата се приклучија и Црвениот крст на Република Македонија, како и Невладината организација „Доверба“, чии активности се поврзани со борбата против зависности и превенција на штетните последици од ХИВ/СИДА.

Борба против СИДА
Tags
Светскиот ден на борбата против ХИВ/СИДА

Најнови

  • Елегантен пар: Викторија Бекам во бела креација од сопствениот бренд покрај Дејвид на гала

    Fri, 04/24/2026 - 09:06
  • Роберт Спасенцовски

    Сопругот на Антониа Гиговска стана интернет хит: Роберт, исмејуван за фризурата, им дели оценки на хејтерите

    Thu, 04/23/2026 - 22:00
  • Таско и Теа - Луда

    Романса низ Охрид: Таско и Теа со дуетот „Луда“ до летен хит

    Thu, 04/23/2026 - 21:33
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.