• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Дејвид и Викторија Бекам со децата го прославија роденденот на синот Круз, само Бруклин отсуствуваше

17 февруари 2026, 10:00
  • cподели

Семејството Бекам организираше раскошна прослава по повод 21-от роденден на Круз Бекам во лондонскиот ресторан The MAINE.

Дејвид и Викторија со трите деца славеа со блиските пријатели и роднините. Иако роденденот на Круз е на 20 февруари, славењето започна неколку дена порано со гламурозна забава на тема „Grande Beatles Ball“.

Најемотивниот дел од вечерта бил кога мајката на славеникот, Викторија, сестрата Харпер и девојката Џеки Апостел, одржале говор на сцената, кој го расплакал Круз.

Викторија сподели фотографии на социјалните мрежи и напиша: „Го славиме Круз порано! Те сакаме многу!!!“.

Познатото семејство беше во одлично расположение, но вниманието повторо го привлече отсуството на најстариот син Бруклин, кој уште повеќе се дистанцира од семејството.

Неодамна, тој престана да го следи на Instagram семејниот пријател Гордон Ремзи само поради негов коментар за ситуацијата. 

Имено, Ремзи јавно го советувал да се помири со Дејвид и Викторија, кои ги пофалил дека се добри родители. По тие изјави, Бруклин го отследил на Instagram, што се смета како знак дека не сака да слуша совети и останува на одлуката да се држи на дистанца.

Tags
Дејвид Бекам
Викторија Бекам
Круз Бекам

Најнови

  • „Секогаш ја криев левата рака, но не треба“: Олимпијка родена без три прсти освои сребрен медал на ЗОИ

    Tue, 02/17/2026 - 10:38
  • Дејвид и Викторија Бекам со децата го прославија роденденот на синот Круз, само Бруклин отсуствуваше

    Tue, 02/17/2026 - 10:00
  • Пресреќна со новиот партнер: Џесика Алба на плажа со 12 години помладиот Дени по финализирањето на разводот

    Tue, 02/17/2026 - 08:44
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.