• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Дејвид Гета доаѓа во Македонија: За Денот на независноста ќе направи спектакл во Скопје, влезот ќе биде бесплатен

12 мај 2026, 12:45
  • cподели

Резервирајте го 8 септември во календарот за најголемиот спектакл – доаѓањето на Дејвид Гета во Македонија.

Бобан Милошески од „Авалон“ објави дека по повод 35-годишнината од независноста на нашата држава, во соработка со Владата, ќе го донесе во Скопје славниот француски диџеј.

Гета ќе ги затвори настаните од прославата кои ќе се одржуваат од 8 август до 8 септември во кои ќе бидат вклучени над 120 македонски уметници.

Овде сме денеска за да го најавиме најголемиот настан. Тоа ќе биде на 8 септември на Градски стадион во Скопје.

Мојата основна идеја беше дека ако славиме, треба да славиме. Ако е бал, треба да биде маскенбал. Без сериозна конкуренција, најголемото европско шоу на европски артист оваа година се вика ‘David Guetta Full Monolith Stadium Show’. Ова е нешто досега невидено во европски рамки, а можам да кажам и во светски рамки. И ние се потрудивме истото тоа шоу од Париз, Амстердам и Милано исто да изгледа и во Скопје на 8 септември.

Влезот се разбира дека ќе биде бесплатен. Ќе има само супер формална регистрација од 35 денари по влезница. Една личност, еден мејл, ќе може да се регистрира за две влезници за да имаме некакви влезници и да се запази посетеноста и капацитетот на стадионот. 

Се одлучивме да не се ограничуваме само на Македонија... За овој евент ќе оди соопштение и во Бугарија, Грција, Албанија, Косово, Србија и Хрватска. Ова претставува нешто најголемо што ‘Авалон продукција’ го направила во својата кариера. 

Ќе имаме задоволство, конечно, имаме независна држава 35 години, никогаш не сме го наполниле стадионот во фул, сите четири трибини и терен. Ќе демонстрираме некоја моќ дека нè бива за многу повеќе “ – рече Милошески на прес за новинарите.

Утре наутро во 11 часот ќе бидат објавени сите детали, а најави дека регистрацијата ќе биде можна од овој петок.

Бобан рече дека ќе има уште два светски настани од 8 август до 8 септември и дека во над 10 града низ Македонија ќе има спектакли по овој повод.

 

Tags
Дејвид Гета
Авалон

Најнови

  • „Не беше секогаш лесно, но вредеше за оваа љубов“: Миро и Ивана Кацаров пресреќни со синчето кое полни 6 месеци

    Wed, 05/13/2026 - 11:55
  • Хајди Клум шармираше во креација од Ели Сааб на црвениот тепих во Кан

    Wed, 05/13/2026 - 10:26
  • Извонредна и на 92 години! Џоан Колинс гламурозна дама на црвениот тепих во Кан

    Wed, 05/13/2026 - 09:06
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.