Дејвид Бекам со мила порака и фотографија со децата ѝ го честита Денот на мајката на Викторија
По повод Денот на мајката, кој вчера се прославуваше во Британија, Дејвид Бекам сподели мила порака за својата сопруга.
Покрај фотографијата од четирите деца, поранешниот фудбалер напиша: „Пред 17 години го основавме нашето семејство, а овие малечки ја имаат најневеројатната мајка која ја сакаат многу... Јас ја сакам поради многу причини, но главната е тоа што таа ми ги подари најневеројатните деца... Среќен Ден на мајката, како што би рекле малите.“
На црно-белата фотографија, која Дејвид ја сподели на Instagram, позираат 4-годишната Харпер, 11-годишниот Круз, 13-годишниот Ромео и 17-годишниот Бруклин.
Дејвид редовно споделува фотографии од приватниот живот, на огромна радост на неговите фанови.
