Дејвид Бекам со четирите деца во првиот ред на ревијата на Викторија која ги поздрави со бакнежи
Викторија Бекам ја претстави својата најнова колекција со ревија во рамките на Лондонската недела на модата. Откако беа презентирани нејзините модели за сезоната пролет/лето 2019, 44-годишната дизајнерка се поклони пред публиката и доби силен аплауз.
Сосем очекувано, Викторија ја доби поддршката од своето семејство. Дејвид и нивните четири деца го проследија модното шоу од првиот ред и добија бакнежи од среќната Викторија.
ВИДЕО
Поранешната членка на Spice Girls носеше сопствени креации од новата колекција.
