Дејвид Бекам на скијање со ќерката Харпер: „Создавањето спомени со моите деца ми е најважно“
Дејвид Бекам создава спомени со својата ќерка Харпер во ексклузивното француско зимувалиште Куршевел.
50-годишниот поранешен фудбалер сподели фотографии на Instagram, на кои скија, вечера и поминува квалитетно време со својата единствена ќерка Харпер.
Бекам истакна дека отсекогаш му било важно да создава спомени со своите деца додека истовремено сè повеќе се засилуваат гласините за дистанцирање на неговиот син Бруклин од семејството.
„Создавањето спомени со децата, сите заедно или еден на еден, отсекогаш ми било најважно. Оваа недела јас и Харпер создадовме уште спомени. Те сакам, убава дамо“ – напиша тој во описот на објавата со фотографии со 14-годишната девојка.
Бекам бил пофален од очевидци дека е „вистински џентлмен“, откако ѝ помогнал на скијачка која паднала на ски патеките и се здобила со повреда на главата. Тој ѝ ги отстранил скиите и останал со неа додека не пристигнала медицинската помош.