• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Дедо Мраз од реалноста: 80-годишен ветеран изработува играчки од дрво за сиромашни деца

16 декември 2019, 10:38
  • cподели

Додека некои деца за Божиќ се радуваат на куп подароци под новогодишната елка, други немаат на што да се радуваат. За многу семејства, Божиќ не е празник кој носи среќа, зашто недостигот на финансии им ја скратува радоста.

Вистинска среќа е што постојат луѓе кои ја враќаат вербата во човештвото и несебично трошат средства од својот џеб за да им измамат насмевки на децата кои се засегнати од сиромаштија. Таква личност е 80-годишниот Џим Анис.

Воениот ветеран секоја година, 50 години по ред, пред Божиќ изработува 300 играчки од дрво кои им ги подарува на децата кои не добиваат ниту еден подарок под елката, затоа што нивните родители не можат да си го дозволат тоа.

Џим Анис Џим Анис Џим Анис

Џим совршено добро ја разбира нивната ситуација. Како дете, и самиот тој се соочувал со нешто слично. Тој растел во семејство кое имало пет деца, па неговиот татко не можел да си дозволи подароци за сите.

„Татко ми работеше, но не заработуваше многу пари. Тешко е да имаш богат Божиќ со пет деца“ – изјави добродушниот старец.

Иако ова хумано и добро дело го чини Џим 1.000 долари годишно, тој вели дека обожава кога децата се чувствуваат среќно. „Обожавам кога луѓето ме прашуваат колку ме плаќаат за да ги правам овие играчки. Им велам дека мојата плата е кога ќе ја видам насмевката на детските лица. Се надевам дека ќе го правам ова сè додека не ми се искриват прстите на нозете“ - вели Џим.

Џим Анис Џим Анис Џим Анис Џим Анис

Видео

Откако неговата приказна стана хит на интернет, Џим доби бројни комплименти за неговата хуманитарна работа.

Tags
добро дело

Најнови

  • Ѕвезда со големо срце: Јаков Јозиновиќ изненади мала обожавателка со спинална мускулна атрофија, средбата топи срца

    Fri, 06/12/2026 - 20:00
  • Свадба

    На која возраст Македонците стапуваат во брак и кој месец е апсолутен хит за свадби?

    Fri, 06/12/2026 - 14:10
  • Тони Зен

    „Од Аеродром со љубов“: Тони Зен со емотивна урбана химна за неговото маало

    Fri, 06/12/2026 - 12:52
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.