• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Истражувања

Децата што лажат ќе станат успешни кога ќе пораснат

17 мај 2010, 07:43
  • cподели

Многу често децата лажат и тоа ги наведува родителите да бидат загрижени за понатамошниот развој на нивните деца.

Но, последните истражувања покажаа дека родителите нема потреба толку да се загрижуваат, затоа што кажувањето на убедливи лаги на млада возраст е знак на брз развој на мозокот, а тоа ја зголемува веројатноста малите лажливци да бидат поуспешни луѓе во иднина. Научниците веруваат дека сложените процеси во мозокот кои учествуваат во формулирањето на лагата се индикатор за интелигенцијата на децата.

ДевојчеНа 4-годишна возраст, дури 90% од децата лажат.

Канадски истражувачи, предводени од д-р Канг Ли, тестирале 1200 деца на возраст од 2 до 16 години. Помалите деца биле повикувани едно по едно во соба која била надгледувана со камери. Зад секое дете била поставувана плишана играчка и му било кажувано да не се врти да ја види. Кога ќе излезеле истражувачите од просторијата, скоро секое дете се вртело да ја види играчката, а потоа кога биле запрашани дали ја виделе, скоро во сите случаи децата негирале.

Најголем дел од учесниците во истражувањето кажале лага, но оние кои успевале да мислат и расудуваат подобро, ги кажувале најдобрите лаги.

На двегодишна возраст, 20% од децата кажуваат лага. Само една година подоцна, на 3-годишна возраст, тој процент се зголемува до 50. На 4-годишна возраст, дури 90% од децата лажат. Научниците откриле и дека 12-тата година од животот на децата е возраст кога скоро секое дете лаже, т.е. возраст кога децата најмногу лажат.

Сепак, не е установена врска помеѓу лажењето во детството и зголемувањето на веројатноста детето да мами на испити или да биде измамник подоцна во животот.

Најдобриот начин да утврдите дали вашето дете лаже или не, е да го „уловите“ неговиот поглед. Ако кога го прашувате нешто се погледне надесно, најверојатно се обидува да ве излаже, а ако се погледне налево, се обидува да се присети на реалниот настан и најверојатно ќе ви ја каже вистината.

Д-р Ли препорачува родителите да не користат строги мерки како удирање или викање кога ќе го фатат детето дека лаже, туку да го искористат тој момент за да го подучат колку е важна искреноста и колку е негативна лагата.

Tags
дете
лажење

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.