• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Децата од основните училишта ќе учат за важноста на нивните бубрези

1 декември 2016, 17:57
  • cподели

На темата „Со здрави навики до здрави бубрези“ децата од трето одделение од основните училишта од скопските општини Центар, Чаир и Аеродром почнувајќи од средината на месец октомври, па се до крајот на декември ќе ја имаат можноста да бидат дел од едукативните работилници кои ќе придонесат за подигнување на свеста за важноста да се грижиме за сопственото здравје и зачувување на здравјето на бубрезите. Предвидената програма е интерактивна и е специјално креирана за нивната возраст од страна на тимот на Светскиот ден на бубрегот, здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“ во соработка со природната изворска вода „Ладна“.

Ладна

На досегашните работилници, децата имаа можност преку интерактивна презентација да се запознаат со функцијата и важноста на бубрезите за целокупното човеково здравје, како и со ризиците од бубрежните заболувања, но добија и советиза превенција од заболувања. На овие работилници секое дете доби едукативна боенка поврзана со тематиката, боички и шишенце вода Ладна. Планирано е работилниците во овие три општини да завршат до крајот на годината, со што ќе се заокружи првата фазаод активностите на овој проект.

„Многу малку треба да направиме за да ги зачуваме здрави нашите бубрези. Треба да не се јаде солена храна и храна која содржи многу шеќери, да не се пијат газирани пијалаци, да се јаде многу овошје и зеленчук и да се пие многу вода. Треба да се спортува, да се вежба и да не се пушат цигари. Од исклучително значење е зголемување на свесноста на децата за овие совети уште од најрана возраст“ - велат од здружението „Нефрон“.

Ладна

„За нас беше многу лесно да ја најдеме вистинската врска меѓу мисијата на „Ладна“ и овие едукативни работилници бидејќи пиењето вода е од суштинско значење за здравјето на бубрезите. Здравите навики се учат и негуваат уште од училишните клупи, а нивното прифаќање секогаш е полесно кога тоа го правиме низ забава и во друштво. Така ја споивме науката и забавата и од тоа произлезе идејата за соработка со здружението „Нефрон“. Досегашните работилници ги надминаа и очекувањата кои ги имавме бидејќи не изненади желбата за знаење kojaja покажуваат децата и фидбекот кој го добивме од нив. Понекогаш вреди да се потрудиме малку повеќе и резултатите ќе бидат неминовни“, изјавија од Ладна.

Здравите навики уште од најраната возраст се клучот за одржување на севкупното човеково здравје. Бубрезите се едни од најважните човекови органи кои се главни филтри на човековиот организам. Свесноста кај децата за функцијата која тие ја имаат и начинот како да ги одржиме во добра форма во текот на животот почува уште од најраната возраст.

Ладна

За сите заеднички активности, како и за текот на проектот и распоредот на работилниците кои што претстојат повеќе информации ќе можете да најдете на фејсбук- страницата на „Ладна“.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.