Дара Бубамара ги размрда прстите на фоторепортерите во Белград, појавувајќи се на црвениот тепих со 20 години помладиот дечко.
50-годишната српска пејачка и нејзиниот партнер Владан присуствуваа на свечената прослава по повод 30-годишнината на „Блиц“, а нивното заедничко појавување веднаш привлече внимание.
Дара за оваа прилика избра тесен припиен комбинезон, додека Владан се појави во елегантно одело.
Парот пред фотографите позираше држејќи се за раце.
Дара веќе извесно време отворено зборува за врската со Владан, кој е две децении помлад од неа. Иако не сака премногу да се експонира во јавноста, тој не бега од камерите кога е покрај пејачката.
Дара неодамна откри и дека Владан има одличен однос со нејзиниот син Коста.
„Мојот син го обожава, многу убаво се согласуваме. Не сака да се фотографира, но нема ни да бега од камерите. Убави сме заедно, се сакаме“ – изјавила пејачката.
Иако разликата во годините често е тема за коментари, таа во повеќе наврати има зборувано дека ужива во врската.