Данијела Димитровска го покажа извајаното тело во бикини: „Летото официјално може да започне“
Данијела Димитровска изгледа феноменално.
39-годишниот српски модел со македонско потекло повторно отпатува на своето омилено место и го покажа извајаното тело во бикини.
На фотографиите кои ги сподели на Instagram, Данијела позира во кафеави бикини истакнувајќи ги тонираните стомачни мускули.
„Назад на моето омилено место. Летото официјално може да започне“ – напиша таа.
На почетокот на годината, Данијела се венча со саканиот Јеврем Косниќ. Претходно, таа 10 години беше во брак со Огњен Амиџиќ со кого го има синот Матија.
