• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Даниел Редклиф пуши марихуана

13 ноември 2009, 15:40
  • cподели
Даниел РедклифДаниел Редклиф во улогата Хари Потер

Даниел Редклиф, познат по улогата на Хари Потер, е виден како пуши марихуана на забава на негови пријатели во Лондон. Дваесетгодишниот актер, под дејство на наркотични супстанции, возбудено извикувал „Јас сакам трева“.

Еден од присутните гости за Daily Mirror изјави: „Изгледаше како да не е тука и како да не знае што се случува. Бев изненаден од неговото однесување.“

Најверојатно Даниел не сакал присутните гости да дознаат кој е всушност.

„Не го препознав, затоа што изгледаше многу поразличен од она што го очекував. Кога еден пријател ми кажа кој е, бев шокиран“- изјавил присутниот гостин.

Најверојатно забавата била организирана од пријател на актерката Лаура О’Тул.

Гостинот кој ја објави оваа случка призна: „Лаура се однесуваше многу заштитнички. Рече дека Даниел има репутација која треба да ја заштитува. Претпоставувам дека мислеше за тоа што го видовме дека пуши марихуана. Јас ѝ реков дека не знам за што зборува. Веднаш после тоа, таа и Редклиф заминаа“.

Популарниот актер кој публиката го засака како слаткото детенце со очила, сега веќе е возрасен и очигледно решил да се приклучи во лудиот ноќен живот што го практикуваат повеќето славни личност.

Tags
Даниел Редклиф

Најнови

  • Убавици како мама: Адријана Лима со пораснатите ќерки во фотосесија за Victoria’s Secret

    Fri, 04/24/2026 - 09:45
  • Елегантен пар: Викторија Бекам во бела креација од сопствениот бренд покрај Дејвид на гала

    Fri, 04/24/2026 - 09:06
  • Роберт Спасенцовски

    Сопругот на Антониа Гиговска стана интернет хит: Роберт, исмејуван за фризурата, им дели оценки на хејтерите

    Thu, 04/23/2026 - 22:00
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.