• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

Дамска елеганција: Миланка Рашиќ шармантна во креации од „Ермитаж“ на „Браќа Манаки“

1 октомври 2025, 15:00
  • cподели

Во македонскиот град на светлината и филмската магија, каде црвениот килим на „Браќа Манаки“ блеска со гламур и традиција, Миланка Рашиќ се издигна како вистинска дама на стилот и културата. Со ненаметлива харизма и отмена грација, таа ја преточи својата љубов кон уметноста и модата во визуелен расцвет на елеганција, носејќи креации од познатиот битолски бутик „Ермитаж“.

На свеченото отворање, познатата водителка блескаше во темносин светкав фустан, а следните денови и во женствени, лелеави силуети кои ја нагласија нејзината романтична страна. Секоја нејзина појава пленеше со софистицираност, потврдувајќи дека модата е нејзиниот таен код за невербална комуникација со публиката.

Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки

За модниот избор на Фестивалот и соработката со Весна и Офелија, сопственичките на „Ермитаж“, Миланка вели:

На свеченото отворање на фестивалот „Браќа Манаки“ му прилега гламур и затоа избравме светкав темносин фустан кој убаво изгледа и на камера, бидејќи бев водителка на црвениот килим.

Одлична ни е соработката со Весна Станковска и Офелија Станковска од бутик „Ермитаж“ уште од 2022 г. Тие ја следат модата и трендовите, знаат што ми стои и го почитувам нивниот избор.

Носев комплет со пантолони, како и женствени, лелеави, романтични фустани. Елегантниот изглед е уште еден начин да се изрази почит кон фестивалот и неговата големина.

Секојдневно бев на сцена претставувајќи ги филмовите во официјална конкуренција и присутните гости, директори на фотографија. Особена чест ми беше да го претставам светски прочуениот Дариус Конџи на посебна свеченост, кога му беше доделена наградата за животно дело Златна камера 300.

Со него снимивме и интервју за МРТВ, како и со Оскаровецот Воли Фистер, добитник на Златна камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност.

Носам модели од „Ермитаж“ и во емисијата за филм „Во кадар“ на МТВ. Со сестрите Весна и Офелија убаво соработуваме, вистински дами се. Навистина ја ценам и нивната поддршка на културните настани во Битола кои секогаш ги промовираат, од концерти до изложби и фестивали.

Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки

„Браќа Манаки“ се одржуваше од 20 до 26 септември во Битола под мотото „Сон на платно“.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.