• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

Дали алтернативите се клучот за намалување на пушењето? Новите анализи велат – да

4 мај 2026, 12:37
  • cподели

Пушењето и натаму претставува глобален предизвик, со повеќе од една милијарда пушачи и над седум милиони смртни случаи годишно. Според нова студија на меѓународни експерти, објавена во „Nature“, досегашните методи не се доволни за значително намалување на овие бројки.

Затоа, сè повеќе се истакнува улогата на алтернативните никотински производи. Никотинските ќесички и вејповите се посочуваат како опции што можат да го забрзаат процесот на намалување на пушењето и да придонесат кон долгорочна промена на навиките кај корисниците.

„Десетици докази покажуваат дека изложеноста на чадот од согорувањето - а не никотинот - е тоа што ги предизвикува болестите поврзани со употребата на тутун“, вели авторот на истражувањето Роберт Биглхол, лекар за јавно здравје од Нов Зеланд и поранешен директор во Светската здравствена организација.

Светските медиуми пишуваат дека студијата укажува на сè поголеми докази дека алтернативните производи се значително помалку штетни од цигарите и можат да го забрзаат откажувањето од пушење во голем обем. Земјите што ги прифатиле овие алтернативи, вклучувајќи ги Шведска, Нов Зеланд, Јапонија, Велика Британија и Соединетите Американски Држави, забележале едни од најбрзите падови на стапките на пушење.

„Брзата појава на регулирани незапаливи (без чад) никотински производи создаде историска можност за забрзување на крајот на епидемијата на пушење“, се наведува во извештајот.

Извештајот поставувa aмбициозна, но остварлива глобална цел за намалување на преваленцата на пушење под 5% до 2040 година, но само ако се обезбеди широк пристап до алтернативните никотински производи преку стратегиите за контрола на тутунот. Според очекувањата, без таков пресврт напредокот ќе остане премногу бавен, а сегашните трендови сугерираат дека Европската Унија нема да достигне статусот „без чад“ до крајот на векот.

Студијата повикува на построги контроли и повисоки даноци на цигарите, но достапност до помалку штетните никотински производи. Исто така, се бара појасна јавна комуникација за да се исправат широко распространетите погрешни перцепции за релативните ризици од никотинските производи.

„Научните докази, алатките на политиката и искуството од реалниот свет се потребни за да се стави крај на глобалната епидемија на пушење која сега постои. Она што останува ограничено е политичката подготвеност целосно да се интегрира стратегијата на намалувањето на штетите од тутунот во глобалната контрола на тутунот“, се заклучува во извештајот.

Во одредени европски земји, меѓу кои и Македонија, сепак силно ќе се ограничи употребата на алтернативните никотински производи. Со предложениот нов Закон за заштита од пушење дури ќе се забрани и продажбата на никотинските ќесички кои имаат вкусови, како и нивното изложување, иако во голем дел од светот на нив се гледа како на ефикасно средство за откажување од далеку поштетните цигари.

Агенцијата за храна и лекови на САД ги дозволи никотинските ќесички за широка употреба на пазарот, а според Мери Хривна, вонреден професор на Факултетот за јавно здравје Рутгерс и основач на Институтот за студии за никотин и тутун, одлуката на ФДА сугерира дека ќесичките им овозможуваат на корисниците да ги откажат цигарите.

„ФДА очигледно заклучила дека придобивките од јавното здравје ги надминуваат ризиците. Знаеме дека никотинските ќесички содржат многу, многу помалку штетни состојки во споредба со традиционалните тутунски производи. Вкупниот број на хемикалии е сè уште многу помал од оној што обично се наоѓа во чадот од цигарите - кој може да содржи повеќе од 7.000 хемикалии“ вели професорката Хривна.

Сличен став сподели и Кристин Делнево, доктор на науки и магистер по јавно здравје од Универзитетот во Њу Џерси.

„Тековната и дневна употреба на никотински ќесички беше највисока кај возрасните кои неодамна се откажаа од друг производ. Нашите резултати сугерираат дека возрасните веројатно користат никотински ќесички за намалување на штетите, со оглед на тоа што употребата на ќесичките е највисока кај оние кои неодамна се откажале од друг тутунски производ или електронски цигари“, оценува Делнево.

Универзитетскиот колеџ во Лондон пак, спроведе петгодишно истражување, од 2020 до 2025 година, кое опфатило над сто илјади учесници. Анализата објавена во медицинското списание „Лансет“ истакнува дека законите треба да ги минимизираат ризиците за младите луѓе, но без да го поткопаат потенцијалот што ќесичките би можеле да го имаат за намалување на штетата поврзана со пушењето на цигари.

„Пронајдовме докази дека никотинските ќесички се користат сè повеќе при обиди за престанок или намалување на пушењето. Употребата на ќесички како помош за престанок со пушење се зголеми тројно во текот на периодот на студијата“, пишува во анализата.

„Клучно е да се постигне правилна рамнотежа, да се обесхрабри употребата кај младите луѓе, без да се ограничат ќесичките толку многу што луѓето ќе бидат вратени кон поштетни производи како цигарите“, вели д-р Татан-Бирч која е автор на студијата.

Во анализата се додава дека една од предностите на никотинските ќесички е употребата на места каде што пушењето е забрането, што би можело да одрази одредена замена за пушење во ограничени услови.

Најнови

  • Дали алтернативите се клучот за намалување на пушењето? Новите анализи велат – да

    Mon, 05/04/2026 - 12:37
  • Зорица Спасовска

    „Господ ме насочи кон тоа, народот е со секаква мака“: Зорица нуди бесплатно сместување во Охрид за деца со посебни потреби

    Mon, 05/04/2026 - 12:15
  • Браво! Два златни медали за математичкиот гениј Македон Димитровски во Германија

    Mon, 05/04/2026 - 10:39
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.