• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

„Да се сака татковината е благослов“: МАКЕДОНА на Александар Ортаковски претставена во Битола

26 јули 2024, 07:00
  • cподели

Етно елементи и модерна естетика заживеаја во симбиоза на новата ревија на Александар Ортаковски. Младиот дизајнер нурна во нашето минато за да се инспирира за колекцијата „МАКЕДОНА“.

Во рамките на манифестацијата Илинденски денови, Ортаковски ги претстави креациите инспирирани од македонската народна носија на ревија во Офицерски дом.

Осврнувајќи се на инспирацијата зад новата модна приказна, тој вели: „Нашето културно наследство отсекогаш било непресушен извор на инспирација за мене. За ваков проект сонував уште како дете, во една од тетратките со скици имав разработено цел концепт како би изгледала мојата колекција инспирирана од македонското народното творештво. Да се сака татковината е благослов, а да се има можност за оживување, реинтерпретирање и промовирање на нејзиното културно наследство е привилегија.“

Динамичниот танц на ткаенини и воочливи детали ја оживеа македонската историја низ призмата на модерното.

„МАКЕДОНА е колекција на дизајнерска женска облека, која ги содржи правите линии и форми, препознатливи за мојот бренд ТАО, и основните бои кои се дел од народната носија од било кој предел на Македонија. Парчињата се изработени од висококвалитетни материјали, во комбинација со рачно изработени плетки и чипки, кои на модерен начин ја отсликуваат традицијата на вредната македонска жена. Целта ми беше да ја претставам современата жена преку призмата на народната носија, истакнувајќи ги убавината, карактерот и сензибилитет на македонската дона“ – појаснува Ортаковски.

МАКЕДОНА МАКЕДОНА МАКЕДОНА МАКЕДОНА МАКЕДОНА

Офицерски дом се покажа како идеален за презентација на колекцијата, со оглед на тоа што е еден од најзначајните културно-историски објекти во Градот на конзулите. Кога станува збор за локацијата за ревијата, Ортаковски е категоричен за изборот: „Офицерски дом е симбол на Битола, објект со фасцинантна архитектонска естетика, за мене највеличенствениот и највпечатливиот објект. Ни за миг немав сомнеж околу изборот на локацијата, МАКЕДОНА како колекција инспирирана од културното наследство не би можело подостоинствено да се претстави од во еден ваков културно-историски споменик.“

МАКЕДОНА МАКЕДОНА МАКЕДОНА МАКЕДОНА МАКЕДОНА МАКЕДОНА МАКЕДОНА МАКЕДОНА МАКЕДОНА МАКЕДОНА МАКЕДОНА МАКЕДОНА МАКЕДОНА МАКЕДОНА МАКЕДОНА МАКЕДОНА МАКЕДОНА МАКЕДОНА МАКЕДОНА МАКЕДОНА МАКЕДОНА МАКЕДОНА МАКЕДОНА МАКЕДОНА МАКЕДОНА МАКЕДОНА МАКЕДОНА МАКЕДОНА МАКЕДОНА МАКЕДОНА МАКЕДОНА МАКЕДОНА МАКЕДОНА МАКЕДОНА МАКЕДОНА МАКЕДОНА МАКЕДОНА МАКЕДОНА МАКЕДОНА МАКЕДОНА МАКЕДОНА МАКЕДОНА МАКЕДОНА МАКЕДОНА МАКЕДОНА МАКЕДОНА МАКЕДОНА МАКЕДОНА МАКЕДОНА МАКЕДОНА МАКЕДОНА

Фотографии: Ивона Кочов / Femina.mk

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.