• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

Да се потсетиме зошто пробиотиците се важни во секојдневната исхрана

3 април 2025, 16:58
  • cподели

Пробиотиците сѐ уште се наоѓаат на врвот во исхраната заради нивното благотворно дејство врз организмот и целокупното здравје. Често ги примаме, а уште почесто без да знаеме имаме потреба од нив, исто како што не ги знаеме и бројните придобивки што ги имаат.

Во основа, тие се живи микроорганизми (бактерии) кои кога ќе се внесат во организмот во соодветна количина, благотворно делуваат на здравјето. Нивниот ефект е најизразен врз дигестивниот тракт, при стимулација на варењето, за забрзување на метаболизмот, за намалување на надуеност, намалување на лошиот холестерол а имаат добар ефект врз срцето и уште позитивен ефект врз имунитетот. Има различни видови пробиотици и во зависност од видот има различни придобивки за здравјето и телото.

Баланс+

Најпознатиот позитивен ефект што го имаат пробиотиците е влијанието и ефектите врз дигестивниот систем, каде се наоѓаат и се грижат за неговото оптимално функционирање. На овој начин пробиотиците индиректно позитивно делуваат на целокупното здравје и состојба на организмот.

Некои од добрите микроорганизми кои му се потребни на нашиот дигестивен систем, вклучувајќи го целото тело, се исто така и најдобрите пробиотици и пребиотици: Bifidobacterium - пробиотик кој е природно присутен во нашите црева, Lactobacillus acidophilus - пробиотик бактерија од млечна киселина корисна за цревната флора и олигофруктоза - пребиотик од растителни влакна.

Со комбинирањето на двете пробиотски култури: Lactobacillus acidophilus LA-5 и Bifidobacterium BB-12 и пребиотик олигофруктоза, е создаден единствениот Bifido Digestio комплекс застапен во Баланс+.

Сепак, кај пробиотиците е важно да се земаат во препорачаната доза и на правилен начин, а оптималната доза потребна на организмот и дигестивниот систем за правилно функционирање е 500 г. од пробиотскиот производ Баланс+. Најдобро е да се подели во две дози, за појадок и вечера, оброци со кои одлично се надополнува.

Она за што дефинитивно не ви треба да се консултирате со лекар и што сигурно ќе ги задоволи потребите на организмот, се природните пробиотици кои се веќе во кујната. Баланс+ содржи формула на најчесто потребните пробиотици, но на дофат ви се и други корисни извори на пробиотици. Ферментираните производи се претежно оние кои содржат пробиотици, а тие се апсорбираат на природен начин, и исто како и храната што ја консумирате, поминувајќи низ целиот дигестивен систем.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.