• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Да се дели сцена со Симон Трпчевски е непроценливо“: 14-годишната пијанистка Илина Симјаноска го освојува музичкиот свет

30 март 2026, 07:55
  • cподели
Илина Симјаноска

Сè повеќе млади денес се губат во динамиката на секојдневието и дигиталниот свет, но тука се и оние кои уште од најрана возраст ја препознаваат својата страст и ѝ се посветуваат со фасцинантна зрелост. Илина Симјаноска е пример за талент, дисциплина и безрезервна љубов кон музиката.

Со бројни награди зад себе, настапи на реномирани сцени и богато искуство, талентираната тинејџерка веќе сигурно чекори по патот на големите уметници. За Фемина, 14-годишната пијанистка од Скопје раскажува за почетоците, предизвиците и соништата кои допрва ќе ги остварува.

Илина Симјаноска
Илина, имаш само 14 години, а зад себе веќе имаш бројни награди и признанија. Како започна твојата приказна со пијаното? Дали тоа беше „љубов на прв допир“ со клавишите или музиката сама те избра тебе?

Уште пред да наполнам четири години, одев на танц. Професорката веројатно го препозна мојот талент и им препорача на моите родители да ме запишат на музичко, што и се случи. Пијаното како инструмент го одбрав самата, во што мислам и дека не згрешив, затоа што се роди навистина голема љубов што трае до денес. Од самиот почеток сум во класата на професорката Весна Ангелова Христов, на која сум ѝ неизмерно благодарна.

Илина Симјаноска со професорката Весна Ангелова Христов
Илина Симјаноска со професорката Весна Ангелова Христов
Пред само неколку месеци учествуваше на мастер клас кај нашиот светски реномиран пијанист Симон Трпчевски. Какво беше тоа искуство за тебе?

Оваа година, за прв пат Симон Трпчески држеше мастер клас во училиштето „Илија Николовски Луј“ и многу ми беше драго што бев одбрана да одам на аудицијата, а потоа и да учествувам на самиот мастер клас. Чувството да се дели сцената со светски пијанист како Симон Трпчевски и да имаш можност да учиш од него е навистина непроценливо и бев особена горда на моето постигнување.

За многумина твои врсници вежбањето инструменти е обврска, но за тебе изгледа како уживање. Колку часа дневно поминуваш со пијаното и како успеваш да го балансираш училиштето со твојата музичка кариера?

Секогаш е различно. Понекогаш, приоритет мора да биде училиштето, понекогаш пијаното. Секогаш се обидувам да вежбам многу повеќе пред натпревари и настапи, а за во училиште морам јавно да им се заблагодарам на моите наставници од О.О.У. „Димо Хаџи Димов“ кои имаат особено разбирање кога е мојата музичка кариера во прашање и што секогаш ме поддржуваат. Се обидувам да направам некој баланс, бидејќи и двете работи ми се подеднакво важни.

Кога ќе излезеш на сцена пред полна сала, дали сè уште ја чувствуваш онаа позитивна трема и што си велиш во себе пред да го отсвириш првиот тон?

Пред да излезам на сцена секогаш сум сконцентрирана на настапот. Чувството е секогаш поинакво, зависно од тоа што го свирам. Позитивна трема секогаш сум имала и ќе имам, бидејќи на тој начин само потврдуваш дека ти значи она што го правиш.

Надвор од светот на класичната музика, каква девојка е Илина приватно? Што сакаш да правиш во слободното време, каква музика слушаш и кои се твоите хобија?

Веројатно го сакам истото што и моите врсници, сакам да се дружам со другарките од училиште и од музичко, најчесто возиме ролери, шетаме, возиме велосипед, играме бадмигтон. Во однос на музиката, морам да кажам дека сакам да слушам тренди и актуелна музика, иако можеби очекувавте дека мојот избор ќе биде класичната, но таа ја чувам за концерти.

Досега имаш освоено многу награди, но дали постои некоја која ти е особено драга или настап кој секогаш ќе го паметиш со посебна емоција?

Досега имам освоено многу награди, имам учествувано на повеќе меѓународни и домашни натпревари, а сум освоила и први и втори награди. Нормално дека сите од тие награди ми се драги, но имам некои што ми се посебно приврзани, како Специјалната награда што ја освоив на „Piano Key“ натпреварот за изведба на дела од македонскиот композитор Благој Цанев, но и учеството на натпреварот во Италија, „San Dona di Piave“, каде во сериозна конкуренција, јас освоив втора награда.

Илина Симјаноска
Кога ќе пораснеш, дали се гледаш исклучиво на светските концертни подиуми или имаш и некои други скриени желби и интереси кои би сакала да ги истражиш?

Во моментов, најмногу ме исполнува музиката. Обожавам да свирам и верувам дека така и ќе продолжи да биде, па би сакала навистина да се фокусирам на тоа уште повеќе. Секако, многу сум млада и никогаш не знам што ќе дојде на патот, но ќе видиме допрва.

Илина Симјаноска
Што би им порачала на децата кои сега почнуваат да учат инструмент, кој е клучот да се издржи и да се успее во светот на уметноста?

Во принцип, советот е и како за сѐ останато, мораат да бидат истрајни и да се подготвени дека ќе мора многу да вежбаат, да жртвуваат некои работи, но најважно да веруваат во себе и сигурна сум дека ќе успеат.

Даница Караташова Илиоска / Femina.mk

Tags
Илина Симјаноска

Најнови

  • Макпетрол

    „Макпетрол“: РКЕ повторно носи одлуки без консултации што ги загрозуваат трговците и стабилноста на пазарот

    Mon, 03/30/2026 - 18:48
  • „Нека земе и стан и сѐ, само ќерка ми да ми ја остави“: Потресно сведочење на мајката на Ивана, која се самоуби со малата ќерка

    Mon, 03/30/2026 - 18:30
  • Марк Антони го откри полот на неговото ОСМО дете, второ со сегашната сопруга

    Mon, 03/30/2026 - 13:08
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.