• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Дете

Д-р Катерина Василева Димовска: (Не)соодветна употреба на витамини/суплементи кај децата

18 јануари 2024, 02:59
  • cподели

Во зимскиот период, кога децата се најизложени на вируси и настинки, родителите честопати знаат да почнат да им даваат витамини и суплементи како поддршка за имунитетот. Сепак, треба да се потсетиме дека тоа не треба да се прави на своја рака и да се претерува, бидејќи може да влијае негативно на здравјето.

Витаминскиот статус кај децата зависи од многу фактори меѓу кои се: пристапот до соодветна исхрана, социјално-економската состојба, генетиката, како и потекло/составот на храната од кои зависи содржината на микро и макронутриентите. Од тука може да произлезе конфузијата кај родителите при изборот на најсоодветни диетарни суплементи и нивно користење при различни состојби.

Понекогаш поради недостигот на протоколи-упатства (guidelines) во оваа област, дури и лекарите може да се соочат со недоумица што да им препорачаат на родителите. Ова е особено присутно во областа на педијатријата и често пати се случува несоодветно избалансирана употреба на витамини во форма на прекумерен или недоволен внес.

Витамини

Кога, зошто и кои витамини?

Важно е да знаеме кога треба да се направи дополна на витамини кај децата, а тоа се неколку состојби:

  • Дефицит на витамини, заради намален внес или намалено присуство на витамини во исхраната,
  • Примена на рестриктивни диети со смалена количина на витамини, и
  • Болести и состојби при кои имаме смалена односно неадекватна ре-абсорпција на истите.

Витаминската суплементација се смета како супортивна (дополнителна) терапија која не ретко може да предизвика модификација на текот на болеста и да го подобри нејзиниот краен исход.

Исто така, витаминските суплементи се сметаат за дел од групата на диететски суплементи кои во себе освен витамини содржат бројни минерали, аминокислени и масни киселини, и како такви создаваат исто така нејаснотии и конфузија при нивната употреба како надополна во исхраната. Со намера да се потенцираат добрите страни на витамините, ги занемаруваме можните лоши ефекти од нивно предозирање, а тоа може лесно да настане при некритично користење, без јасна препорака и индикација.

Со цел да се разјаснат некои недоумици кај родителите ќе дадеме краток осврт на најчесто употребуваните витамини. Имено базирано на одредени студии ќе ги третираме витамините од двете основни групи:

  1. Липосолубилните витамини: Витамин А, Витамин Д, и Витамин Е и
  2. Хидрослубилните витамини: Витамин Ц, Фолна киселина, Витамин Б12.

Липосолубилни витамини

Витамин Е

Витамин Е (Токоферол, алфа-Токоферол) го има во растителните масла, семките, јаткастите плодови, житарките. Се смета за важен антиоксидант и има антибактериско дејство. Дозволена доза на користење е 4-13mg/дневно, во зависност од возраста. Иако нема јасен токсичен ефект, сепак даден во високи дози може да предизвика мускулна слабост, замор, гадење и дијареа. Витаминот Е даден во високи дози над 1000mg/дневно може да предизвика крварења.

Витамини

Дефицит на витаминот Е кај децата се среќава при гастроинтестинални малапсорпции како и кај вродени нарушувања на апсорпции и скалдирање во црниот дроб. Клинички знаци на дефицит на витаминот Е се манифестираат како хемолитичка анемија, периферна неуропатија, ретинопатија, атаксија, миопатија и смален одговор на инфекции. Во споменатите состојби, суплементацијата со витамин Е е задолжителна, дури и кога не е до крај извесно колку долго ќе се дава и кој ќе биде неговиот долготраен ефект. Суплементирање на витамин Е го намалува ризикот на појава на интравентрикуларни крварења и ретинопатија, кај предвремено родените новороденчиња, но не и кај екстремно премтаурни бебиња.

Иако се смета дека витаминот Е има антиоксидантна улога и помага во превенцијата на хронични болести и кардиоваскуларни болести кај возрасните, не се најдени докази дека го има истиот ефект во педијатриската популација. Сепак, според студијата на Голденстајн, витаминот Е го редуцирал кардиоваскуларниот ризик кај одредена подгрупа на популација со дијабет и со специфичен генотип. Од неодамна витаминот Е се употребува и во третманот на не-алкохолен стеатохепатит, а лабораториските параметри покажале подобрување на хепаталните ензими.

Побројни се студиите кои го испитуваат дејството на витаминот Е кај болести кои се карактеризираат со хемолиза. Позитивен ефект е постигнат кај пациентите со бета таласемија преку намалување на оксидативниот стрес на засегнатите органи.

Витамин А

Витаминот А спаѓа во групата на ретиноиди кои се липосолубилни витамини, вклучително ретинал и ретинил естер. Се наоѓа во храна од животинско потекло, но исто така и во овошја и зеленчук кои содржат каротеноиди, а кои се прекурсори на витамин А. Најважниот метаболит на витаминот А е ретиноична киселина која преку нуклеарните рецептори ги менува и модулира патиштата на пренос на сигнали. Така, витаминот А е есенцијален за адекватен вид, за мускулната функција и за добри имунолошки реакции. Препорачана дневна доза за педијатриската популација е 200-500 микрограми, зависно од возраста.

Витамини

При предозираност (акутна токсичност) на витамин А се јавува гадење и повраќање. Кај хорнична токсичност се јавуваат промени на кожа, коса и нокти, потоа нарушени вредности на хепаталните ензими. Витаминот А е токсичен е при давање во бременост, па така ќе предизвика вродени дефекти на раѓање. Главоболка и интракранијална хипертензија може да бидат симптоми при акутно или хронично интоксицирање со витамин А.

Во земјите во развој, недостигот на витамин А е водечка причина за слепило во педијатриската популација.

За улогата на витаминот А во имунолошкиот систем сè уште се дебатира, но одредени научни студии укажуваат на зголемена инциденца на морбидитет и морталитет при инфекции, кај деца со дефицит на витамин А. Според Светската здравствена организација во детската популација на возраст од 6 месеци до 5 години, во земјите во развој, сеуште е потребна суплементација со витамин А. Улогата на витаминот А е исто така нагласена во земјите во развој при состојби на дијареа и сипаници. Во состојба на сипаници (инфективен осип) Светска здравствена организација кај детската популација на земјите во развој, препорачува орален внес на витамин А во доза од 30mg во тек на 2 дена, кај децата под 2 години.

Предвремено родените деца имаат ниско ниво на Витамин А на раѓање, но нема доволно студии кои би го поткрепиле давањето на Витамин А во мускуларна форма. Витаминот А е понатаму испитуван каков ефект има кај возрасните за намалување на ризик од болести на канцер, при што не е најдена јасна поврзаност.

Витаминот А се смета дека поседува потенцијал за контрола врз гликемијата, наголемувајќи ја осетливоста на инсулин, хормон кој го контролира зголеменото ниво на гликоза во организмот.

Во однос на имунолошкиот систем и регулацијата на имуниот одговор се смета дека витаминот А игра улога во продукцијата на Т-лимфоцитите како и улога во имуномодулација на имунолошкиот одговор.

Витамин Д

Витаминот Д е липосолубилен витамин кој се продуцира кај луѓето во кожата од ендогениот холестерол, а под влијание на УВБ зраците се трансформира во неговата активна форма.

Витаминот Д се прима по орален пат преку храна која е многу богата со активната форма на витаминот, како риба, жолчка од јајце, полномасни сирења и путер. Витаминот Д е фундаментален за соодветен развој на коските, тој го одржува метаболизмот на калциум и фосфор и овозможува реапсорпција на калциум.

Витамини

Препорачана диететска доза за витамин Д е 10 и 15микрограми/дневно (1 микрограм е соодветен на 40 (IU) интернационални единици на Витамин Д)

Доколку е витаминот Д во вишок од дозволенета доза, може да даде токсичен ефект со зголемување на калциумот во серум и појава на бубрежна калциноза. Затоа се препорачува проверка на нивото на витамин Д во серум кај доенчиња и деца кои се на долготрајна супституција со витамин Д. Недостигот пак на витамин Д е поредок, а се случува често кај болести со лоша апсорбција, болести на црн дроб и бубрези, при хронични терапии со лекови како Фенитоин, Карбамазепин, кортикостероиди, антигабични лекови.

Се смета дека припадниците на африканската и хиспано популација при неизложеност на сонце, обезните, при грануломатоза и пациентите со хиперпаратироидизам, имаат зголемен ризик од дефицит на витамин Д.

Од овие причини, се препорачува витамин Д суплементација во првата година од животот, но и кај погореспоменатите состојби кај адултни пациенти.

Кај предвремено родените бебиња дневната суплементација со витамин Д оди во повисоки дози во однос на доносените деца. Студии укажуваат на поволните ефекти на витаминот Д во состојби на Диабетес тип 2, но и Дијабетес тип 1, со оглед на тоа дека витаминот игра улога во генската експресија и вон клеточната диференцијација и пролиферација.

Витаминот Д има јасен имуномодулаторен ефект како на вродениот така и на стекнатиот имунитет.

Се смета дека даден во адекватни дози витаминот Д кај луѓето го смалува ризикот за мултиплекс склероза, идиопатски јувенилен артритис, а кај луѓето кои се веќе засегнати со таква состојба го намалува ризикот од влошување и релапси. Кај Кронова болест и кај системски Лупус витаминот Д ја смалува тежината на симптомите. Иако се смета дека има голема улога во автоимуните болести, сепак потребни се понатамошни студии за следење на ефектите на витаминот Д, а особено се неопходни студии кај болните од респираторни болести и астма, за кои сеуште нема јасна потврда.

Во Жан Митрев Клиника достапни се тестови за испитување на присуство/отсуство на витамини, секако во согласност со препораките од педијатри. За да закажете термин, јавете се во контакт центарот 02/3091-484.

Медицина

Д-р Катерина Василева Димовска
Специјалист по педијатрија
„Жан Митрев Клиника“ – Скопје

Жан Митрев

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.