• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Бременост

Д-р Јелена Голубовиќ: Домашна нега по породување со Царски рез

5 мај 2025, 09:45
  • cподели

Доколку се имате породено со Царски рез, треба однапред да бидете подготвени дека ќе ви биде потребна помош да се грижите за себе и за вашето новороденче. Разговарајте за ова со вашиот партнер, родителите или пријателите.

Што да очекувате по напуштањето на родилиштето?

  • Крварење од вагината до 6 недели. Потоа полека бојата ќе бледее од црвена, па розова, а потоа ќе стане жолта или бела боја.
  • Болката треба да се намали по 2 или 3 дена, но местото на резот ќе биде осетливо и болно најмалку 3 недели.
  • Оток и болки во градите: првите 3-4 дена по породувањето, вашите гради создаваат нешто што се нарекува колострум, супстанца богата со хранливи материи што помагаат во зајакнувањето на имунолошкиот систем на вашето бебе. Потоа, вашите гради ќе набрекнат бидејќи се полнат со млеко. Можете да си ја ублажите осетливоста со доење или измолзување и ставање ладни облоги/крпи на вашите гради меѓу доењата. Ако не доите, носете цврст градник за поддршка.
  • Првиот преглед кај вашиот гинеколог е за 4 до 6 недели, доколку нема компликации.
  • Внес на течности најмалку 8 чаши (2 литри) вода дневно за да не добиете запек.
Царски рез

Нега на раната

  • Секојдневно измијте ја раната со сапун и вода и исушете со чиста крпа. Не треба да ја чистите со дезинфициенси. Честопати, доволно е само да дозволите водата да тече преку вашата рана под туш. Чувајте го местото на раната чисто и суво.
  • Не пливајте и не лежете во када полна со вода, додека вашиот гинеколог не ви каже дека е во ред. Во повеќето случаи, ова е дури 3 недели по операцијата.
  • Ако си заминете дома со лепенка на раната, менувајте ја еднаш дневно, или порано доколку се извалка или влажни.
Царски рез

Физичка активност

Станувањето и шетањето во домашни услови ќе ви помогнат да заздравите побрзо и може да помогне да се спречи згрутчување на крвта. По 4 до 8 недели, би требало да можете да се вратите во нормала и да можете да ги правите повеќето од вашите редовни активности.

Внимавајте:

  • Не кревајте ништо потешко од вашето бебе во првите 6 до 8 недели.
  • Кратките прошетки се одличен начин за зголемување на силата и издржливоста. Лесните домашни работи се во ред. Полека зголемувајте го обемот на работа.
  • Очекувајте бргу да се заморувате. Слушајте го вашето тело и не се форсирајте до точка на исцрпеност.
  • Избегнувајте интензивно чистење на домот, џогирање, тешки вежби и сите активности кои ве тераат да дишете тешко или да ги напрегате вашите мускули. Не правете стомачни.

Исхрана

  • Хранете се нормално. Ако вашиот стомак е вознемирен, пробајте лесна храна со малку маснотии како обичен ориз, варено пилешко, двопек и јогурт.
  • Пијте многу течности (освен ако вашиот лекар не ви каже да не го правите тоа).
  • Може да забележите дека функцијата на дебелото црево не е редовна веднаш по операцијата. Ова е вообичаено. Обидете се да избегнете запек и напрегање на дебелото црево. Обидете се со секојдневно внесување на растители влакна. Ако после неколку дена немате празнење, прашајте го вашиот лекар за земање благ лаксатив.
Царски рез

Друга грижа

Обидете се да јадете количински помали оброци од вообичаените и земајте здрави ужинки меѓу нив. Јадете многу овошје и зеленчук. Сите хемороиди што ќе ги развиете треба полека да се намалуваат во големина. Некои може да исчезнат.

Методи кои може да помогнат во ублажување на симптомите вклучуваат:

  • Топли бањи во када, при што нивото на водата не треба да го надминува резот од операцијата, односно раната треба да остане над нивото на водата.
  • Ладни облоги над областа.
  • Масти или супозитории на билна база.
  • Лаксативи за спречување на запек.
  • Доколку е потребно, прашајте го вашиот гинеколог за препораки.
  • Сексуални односи можат да започнат по 6 недели. Исто така, не заборавајте да разговарате со вашиот гинеколог за контрацепција по бременоста.

Вашето ментално здравје е важно

Некои родилки може да се чувствуваат раздрането, плачливо, изолирано, безвредно, исцрпено и да не можат да се справат со новонастаната ситуација. Може да имаат тешкотии со спиењето и да изгубат апетит.

Доколку овие чувства и симптоми траат повеќе од 2 недели, тие би можеле да бидат знаци на постпородилна депресија.

Доколку забележите некој од симптомите опишани погоре, разговарајте со вашиот лекар или патронажната сестра за вашата состојба.

Кога да се јавите на лекар?

Контактирајте со вашиот гинеколог доколку имате:

  • Вагинално крварење – многу обемно, трае повеќе од 4 недели и вклучува големи згрутчувања на крв (коагулуми)
  • Оток или болки во подколениците
  • Оперативната рана има црвенило, топлина, оток или истекување на гнојна содржина
  • Телесна температура 37,8°C
  • Силни болки во стомак
  • Болни и црвени гради
  • Непријатен мирис и исцедок од вагина
  • Главоболка
  • Чувствувате тага, анксиозност, не сакате да гледате луѓе, имате чувство дека си наштетувате себеси или на вашето бебе или имате проблеми со грижата за себе или за вашето бебе.
Медицина

Д-р Јелена Голубовиќ
Специјалист по гинекологија и акушерство
„Жан Митрев Клиника“ – Скопје

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.