• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Чувствуваме длабока болка“: Криси Тиген со трогателна порака и фотографии сподели дека го изгуби бебето

1 октомври 2020, 07:55
  • cподели

Пред неколку дена, Криси Тиген сподели дека е хоспитализирана поради високоризична бременост и крварење. Сега, 34-годишниот модел објави дека го изгуби бебето поради слаба плацента. Криси беше на половина од бременоста или околу 20-тата недела.

„Мојата плацента е навистина, навистина слаба. Бебето е здраво, но неговата куќа се распаѓа. Куќата немаше добра основа уште од почеток“ – објасни Криси во претходен пост.

Тиген сега сподели трогателна порака и фотографии на Instagram. Таа и Џон Леџенд го очекуваа третото дете.

View this post on Instagram

A post shared by chrissy teigen (@chrissyteigen) on Sep 30, 2020 at 8:58pm PDT

Шокирани сме и во длабока болка за која најчесто само слушаме, и таков вид на болка каква што не сме почувствувале претходно. Не успеавме да го запреме крварењето и да му ги дадеме на нашето бебе течностите кои му требаа, и покрај многуте трансфузии на крв. Едноставно не беше доволно.

Не одлучувавме за имињата на бебињата до последниот можен момент, пред да заминеме од болница. Но, поради некоја причина, започнавме ова мало момче во мојата утроба да го викаме Џек. Па, за нас тој засекогаш ќе остане Џек.

Џек се бореше многу за да биде дел од нашето семејство и ќе биде, засекогаш.

До нашиот Џек – жал ми е што првите моменти од твојот живот беа исполнети со толку компликации, што не можевме да ти го дадеме домот кој ти требаше за да преживееш. Секогаш ќе те сакаме.

Ви благодариме на сите кои ни испраќате позитивна енергија и молитви. Ја чувствуваме вашата љубов и навистина ја цениме.

Многу сме благодарни за животот кој го имаме, за нашите прекрасни деца Луна и Мајлс, за сите неверојатни нешта кои имавме можност да ги искусиме. Но, не може секој ден да биде исполнет со сонце. Во овие темни денови, ние ќе жалиме и ќе рониме солзи. Но, ќе се прегрнуваме и ќе се сакаме еден со друг уште повеќе и ќе го пребродиме тоа.

Криси Тиген и ЏОн Леџенд Криси Тиген и ЏОн Леџенд Криси Тиген и ЏОн Леџенд

Криси и Џон се родители и на 4-годишната Луна и 2-годишниот Мајлс кои се зачнати со ин витро. Претходно, тие 9 години неуспешно се обидувале да зачнат.

Криси Тиген
Tags
Криси Тиген

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.