„Чукај, чукај“: Антониа Гиговска се закити со награда и настапи со сопругот Роберт Спасенцовски и Благица Павловска на „Lazarov Awards“
Неколку дена пред промоцијата на новиот албум, Антониа Гиговска се закити со награда на „Lazarov Awards“. 25-годишната пејачка беше прогласена за „Талент на декада“ и гордо позираше со освоената статуетка.
На свеченоста во ресторан Парк by Ragusa Group во Скопје, младата музичка ѕвезда носеше широк костум со црвена вратоврска и црвени детали на ракавите.
Гиговска настапи на сцената со сопругот Роберт Спасенцовски и Благица Павловска и заедно ја изведоа преработката на легендарната песна „Чукај, чукај“.
Антониа сподели албум со фотографии од манифестацијата и напиша:
Вчера вечер беше магично, доказ дека и во Македонија може нештото да изгледа светски! Благодарам на поканата и благодарам на наградата „Талент на Декада“🔥🧡 на „Lazarov Awards“ .
Без моето семејство, соработниците, без мојата публика која сиве овие години ме поддржува ништо од ова не би било реалност.. Не ми се верува дека поминаа 11 години како прв пат се појавив на ТВ🤭🤩
Искреноооо едвај чекам да ги чуете и видите новите песни од албумот „Жена“ .. Тисерот доаѓааа во 15:00ч.