• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Чудо во Битола: Жена на 58 години е бремена со тројка благодарение на д-р Таше и „Плодност“

9 јуни 2026, 09:01
  • cподели
Бременост

Жена забремени на 58 години и тоа со тројка, благодарение на д-р Таше Трпчевски и неговиот тим од „Плодност“. Пациентка од Србија ќе добие потомство по успешна ин витро постапка во специјализираната болница од Битола.

Од „Плодност“ со огромна гордост ја споделија веста, опишувајќи ја како вистинско чудо на медицината и триумф на надежта:

ЧУДО НА МЕДИЦИНАТА: БРЕМЕНОСТ СО ТРОЈКИ НА 58 ГОДИНИ СО ИВФ ❤️

Годините не ја запреа желбата за мајчинство. Тројна бременост со ин витро кај павиентка на 58-годишна возраст.

Кога желбата за дете е посилна од сите предизвици, медицината и упорноста можат да создадат неверојатни приказни.

Ултразвучниот преглед потврди тројна бременост, а слика 2 е исечок од разговорот помеѓу пациентката и д-р Таше Трпчевски.

Станува збор за исклучително редок и комплексен случај кој бара внимателно следење и врвна мултидисциплинарна грижа во текот на целата бременост.

Во однос на стручниот аспект и комплексноста на реткиот зафат, д-р Таше Трпчевски појасни:

Кај пациентката направивме ембриотрансфер на 3 бластоцисти во 58-годишна возраст со претходна припрема на ендометриумот. Инаку, пациентката беше аменороична, во менопауза 5 години. Ние ја вративме менструацијата, го припремивме ендометриумот и со помош на донирани јајни клетки и семенски материјал од нејзиниот маж, направиме 3 бластоцисти.

И бидејќи ова беше нејзин трет обид, законски имавме право да вратиме 3 бластоцисти коишто се реализираа во тројки.

Ембриони
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by HOSPITAL PLODNOST (@plodnost)

Среќната пациентка му се заблагодари на д-р Трпчевски, а во нејзината порака се вели:

„Сакаме да ви се заблагодариме за големиот труд и помошта од вас и вашиот тим. Многу нè усреќивте. Мирослав и Јелена.“

Трудницата во моментов се наоѓа во 9-тата гестациска недела. Иако успехот на тимот е огромен, медицината налага голема претпазливост. Поради нејзината возраст и сериозните ризици кои ги носи повеќеплодовата бременост, д-р Трпчевски стручно ја советувал да се изврши редукција на еден или два ембриони, со цел да се заштити нејзиното здравје и да се обезбеди сигурен тек на бременоста.

Бидејќи трудницата живее во Србија, нејзините понатамошни консултации и неопходни процедури ќе продолжат во Белград. Сепак, стручниот тим од Битола од дистанца континуирано и будно ќе ја следи нејзината состојба.

Tags
Д-р Таше Трпчевски
Болница Плодност

Најнови

  • Водителката Александра Пановска Илиевска со ќеркичката и сопругот на одмор во Хрватска

    Fri, 07/10/2026 - 15:50
  • Бимилк со поддршка на Народен театар Битола

    Бимилк станува партнер на НУ Народен театар - Битола за поддршка на културата и уметноста

    Fri, 07/10/2026 - 15:03
  • „Немав пари да си го погребам детето, немав за леб, за ништо“: Јулија Мациевска за трагичните моментите кога ја изгуби ќерката од рак

    Fri, 07/10/2026 - 14:30
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.