• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Црна Гора воведе „менструално отсуство“: Жените имаат право на два слободни дена поради болни циклуси

28 јули 2026, 10:02
  • cподели

Црна Гора воведе измени во Законот за задолжително здравствено осигурување со кои на жените им се овозможува право на до два дена платено отсуство месечно со надомест од 100 отсто од платата, поради болни менструални циклуси.

Иницијативата за ова законско решение уште во март, во пресрет на Денот на жената, ја поднесе независната пратеничка во црногорското Собрание, Јевросима Пејовиќ, а предлогот доби едногласна поддршка од собраниските одбори пред конечно да биде изгласан.

Сепак, се појаснува дека ова право не важи автоматски за секоја жена која има вообичаени менструални болки. Тоа е наменето за осигуреници кај кои лекар специјалист има дијагностицирано секундарна дисменореја, односно болна менструација предизвикана од претходно утврдени органски и гинеколошки состојби. Во образложението на законот како причини се наведуваат заболувања како ендометриоза, миоми, полипи, воспаленија на јајниците и полицистични јајници.

За да може да го користи ова право, вработената жена ќе треба да приложи лекарско уверение кое ќе се издава од специјалист и ќе мора да се обновува секоја година и редовно да му се доставува на работодавецот.

Најнови

  • Дариа Мандаровска

    „Не знаеш дали ќе се снајдеш, а знаеш дека животот би го дала за тоа мало прцучле“: Дариа Мандаровска искрено за првата недела како мајка

    Tue, 07/28/2026 - 11:15
  • Црна Гора воведе „менструално отсуство“: Жените имаат право на два слободни дена поради болни циклуси

    Tue, 07/28/2026 - 10:02
  • „Твојата љубов е наша сила“: Сузана Турунџиева емотивна на 10-годишнината од смртта на сопругот Марјан

    Tue, 07/28/2026 - 09:11
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.