• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Coca-Cola Активна Зона и во Кавадарци

18 август 2018, 13:15
  • cподели

Кавадарци ја доби својата „Coca-Cola Активна зона“, а кавадарчани им се придружија на илјадниците граѓани што веќе уживаат во единаесетте атрактивни „Coca-Cola“ спортско-рекреативни зони отворени низ цела Македонија. Новото собирно место за кавадарчани од сите генерации е донација од компанијата „Coca-Cola“ и од Пивара Скопје, и е одлична локација за дружење, забава, рекреација и дополнително поттикнување на навиките за активен живот.

Coca Cola

„Ми претставува особено задоволство што денес, во еден од најспортските градови во Македонија ја отвораме дванаесеттата по ред Coca-Cola Активна зона. Исправноста на нашата одлука за поставување на Coca-Cola Активна зона во Кавадарци, ја потврдува и големиот број на присутни денеска, дотолку повеќе што оваа зона доаѓа токму на барање на кавадарчани. Успешноста и резултатите од проектот се евидентни – за 3 години поставивме 12 Активни зони ширум Македонија, а секојдневно ни пристигнуваат нови барања за отворање на Активни зони и во другите општини. Преку платформата ‘Coca-Cola Активни зони’, освен што поттикнуваме иницијатива за активен начин на живот, спорт и рекреација, промовираме концепт со опсежни придобивки за целата заедница од аспект на инклузија на граѓаните од различни категории со ист интерес. И понатаму продолжуваме со проектот ‘Coca-Cola Aктивни зони’, па многу брзо се гледаме на нова локација со нова ‘Coca-Cola Aктивна зона’“, рече Владимир Косијер, Генерален директор на Пивара Скопје на свеченото отворање на „Coca-Cola Активната зона“ во Кавадарци.

Кавадарци е дванаесеттата општина опфатена со овој проект, која им се придружува на општините Прилеп, Струмица, Охрид, Тетово, Штип, Куманово, Гостивар, Радовиш, како и на трите локации во Скопје ‒ на Кејот на реката Вардар, во Општина Гази Баба и Општина Чаир.

Coca Cola Coca Cola

На отворањето присуствуваа голем број жители на општината што со нетрпение очекуваа да ги испробаат новите справи. За придобивките од зоната за кавадарчани и за соработката со Пивара Скопје, градоначалникот на Општина Кавадарци, г. Митко Јанчев рече:

„Од името на Општина Кавадарци и кавадарчани, им благодариме на Пивара Скопје и на компанијата Coca-Cola за донацијата и за тоа што излегоа во пресрет на барањата на кавадарчани, и Кавадарци да стане дел од овој голем и благороден проект, бидејќи на ваков начин се покажува и се докажува како на дело се негуваат долгорочните партнерства чии придобивки ги ползуваат сите граѓани. Ги поканувам моите сограѓани да ја чуваат и да ја негуваат оваа спортска зона што го краси нашиот град, затоа што таа сега е нивна и треба совесно и одговорно да се однесуваат кон неа. Општина Кавадарци работи уште на неколку проекти преку кои веруваме дека спортскиот дух уште повеќе ќе се развие, но и дека ќе овозможиме подобри услови за младите талентирани спортисти“.

Coca Cola Coca Cola Coca Cola Coca Cola

„Coca-Cola Активните зони“ се сочинети од професионални фитнес-справи, кои се поставуваат на соодветни локации за слободна употреба на сите граѓани, и тоа 24 часа. Проектот „Coca-Cola Активни зони“ е дел од глобалната платформа на Пивара Скопје и на компанијата Coca-Cola, која се однесува на промоција на активниот живот, но и чинење добробит во заедницата преку инклузија на сите граѓани, со цел на сите еднакво да им се овозможи место за спорт, рекреација и дружење. Како дел од истата платформа, изминативе години Пивара Скопје заедно со компанијата Coca-Cola реализираа низа успешни проекти, меѓу кои „Coca-Cola фудбалскиот куп“, бесплатните паркиралишта за велосипеди, како и 11-те „Coca-Cola Активни зони“ за жителите од Прилеп, Струмица, Охрид, Тетово, Штип, Куманово, Гостивар, Радовиш и од Скопје.

Комерцијален текст

Tags
Coca-Cola

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.