• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Чиста љубов: Малиот Никола донираше матични клетки и ѝ го спаси животот на сестричката

22 октомври 2021, 08:57
  • cподели

Ова е Никола - првиот донор на матични клетки во нашата земја. 9-годишното момче направи потег за восхит и со тоа го спаси животот на својата сестра Ана Марија.

Венко Филипче ја сподели позитивната приказна и се сретна со нивното семејство.

Венко Филипче на средба со семејството на Никола и Ана Марија

„Ана Марија и нејзиниот мал брат Никола се деца за восхит! Ова деветгодишно весело момче што сака да биде фудбалер, е првиот донор на матични клетки во нашата земја со што ја спаси својата сестра. На Ана Марија ѝ беше извршена трансплантација на коскена срцевина и таа ја победи опасната болест. Ова прекрасно семејство го запознав на Клиниката за хематологија, си заминаа од болница по долгиот третман кој го водеше стручниот лекарски тим на Клиниката. На моите колеги им честитам за уште еден успех и триумф над опасната болест. На Ана Марија и Никола им посакувам безброј среќни моменти и многу здравје“ – стои во описот на фотографиите од средбата кои ги сподели Филипче.

Венко Филипче на средба со семејството на Никола и Ана Марија Венко Филипче на средба со семејството на Никола и Ана Марија Венко Филипче на средба со семејството на Никола и Ана Марија Венко Филипче на средба со семејството на Никола и Ана Марија Венко Филипче на средба со семејството на Никола и Ана Марија Венко Филипче на средба со семејството на Никола и Ана Марија
Tags
трансплантација

Најнови

  • „Таа ќе ви биде целиот свет“: Новак Ѓоковиќ им го откри полот на бебето на среќен пар на турнирот во Индијан Велс

    Thu, 07/23/2026 - 10:59
  • Едита Арадиновиќ

    Се породи Едита Арадиновиќ: Прва фотка со ќерката која доби уникатно име

    Thu, 07/23/2026 - 10:58
  • „Сè изгледаше како сон од кој не сакав да се разбудам“: Александра од Свети Николе за романтичниот предлог за брак пред Ајфеловата кула

    Thu, 07/23/2026 - 10:21
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.