• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Четири членови на „Макпетрол“ викендов ќе се натпреваруваат на Светската карате-лига

17 февруари 2022, 07:47
  • cподели

Најсилниот карате-турнир, Светската карате-лига, од 18 до 20 февруари ќе се одржува во Фуџаирах, каде што денеска отпатуваа и четири претставници на скопскиот клуб „Макпетрол“. Градот во Обединетите Арапски Емирати на едно место ќе ги собере најелитните карате-имиња кои што ќе се борат за признанија во рамки на Премиер карате-лигата.

На турнирот ќе учествуваат најдобро рангираните 342 каратисти од 55 држави од светот, а боите на Македонија ќе ги бранат: Петар Заборски (категорија под 75 килограми), Петар Спасеновски (-84 кг.), Симона Заборска (-55 кг.) и Ангела Мојсовска (-68 кг.).

КаратистиПетар Заборски (десно)

„Ова ќе биде прв турнир во 2022 година од најелитното карате натпреварување во лига-системот во организација на WKF (Светската карате федерација). Главен услов за учество е да сте вброени во топ-50 каратисти на глобалната ранг-листа, поради што и ние имаме привилегија да настапиме на овој силен турнир“ - изјави Петар Заборски, натпреварувач и тренер на КК „Макпетрол“.

Во тимот на скопскиот клуб, Симона Заборска е најискусна. Во досегашната спортска кариера таа има остварено високи пласмани од учествата во светските премиер-лиги. Заборска истакна дека ова е почеток на сезоната, но таа ќе се обиде да оствари добри резултати, првенствено за да го поправи бодовното салдо на светската рејтинг-листа, и да се наметне како квалитетна спортистка за да може да учествува на најелитните натпревари во текот на целата година.

КаратистиСимона Заборска

Петар Спасеновски, кој ќе настапи во полутешка категорија, изјави дека е одлично подготвен. Негова цел, во најмала рака, е да го постигне или повтори успехот кога во 2020 година во Дубаи, се бореше за бронзен медал. Ангела Мојсовска, нашата најдобро рангирана каратистка на глобалната ранг-листа, ќе учествува во полутешка категорија. Нејзината намера е да се претстави во најдобро светло на почетокот на сезоната.

КаратистиПетар Спасеновски КаратистиАнгела Мојсовска

На првенството ќе учествуваат најдобрите сениорски имиња во машка и во женска конкуренција во секоја тежинска категорија. За ова натпреварување е карактеристично што од годинава се воведени нови правила за пријавување и настап. Ограничен е бројот на учесници и наместо досегашните 64, сега ќе има 32 каратисти во секоја категорија. Сите тие ќе бидат поделени во осум групи по четири спортисти, додека во елиминацискиот дел секој ќе има по три задолжителни борби. Потоа ќе следат четвртфинале, полуфинале и финале.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.